Мицкоски во Центар : Се обврзуваме за правна држава и ветинг за имотот на политичари

Вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски им порача на центарци дека правдата мора да завладее на секаде низ Македонија, во секој град на овие 25,000 квадратни километри, се наведува во партиското соопштение.

Тој пред жителите на Општина Центар рече дека несака многу да збори против опонентот СДСМ, иако за нив може да се говори цела вечер, за сите нивни неуспеси и срам кој што и го донесоа на Македонија и за сиот криминал и корупција. Но, Мицкоски рече дека е непотребно да се троши ни времето на граѓаните, ниту времето на македонската јавност. Тој искажа желба да говори за она што претстои, а тоа е обновата. И вети дека во програмата "Исправи се Македонијо, одбери обнова" граѓаните ќе можат да го прочитаат најбитното, а тоа е враќање на правната држава.

-Во нашата читанка "Обнова" ќе го најдете она што е можеби најзначајно. А тоа е како да ја вратиме правната држава. Многу внимателно тим составен од врвни експерти, работеше во делот кој што ќе понуди реформи во правосудството. Правни експерти од Сиљановска - Давкова, Тања Каракамишева, Наумовски, Сашо Климовски, Менинковски и многу други кои дадоа се од себе за реформи во правосудството. Програма во која императив ќе биде почитување на законите во државата. Кога ветуваа правда, мир нашиот политички противник заедно со оние припадници на т.н "Обоена револуција" се сеќавате кога го најавуваа оној бројчаник во центарот на градот, па Заев велеше ќе вртел бројчаникот ќе ги враќал милијардите. Тие до вчера што беа режим сега му се верни слуги. Дехидрираа од негативности кон мене и ВМРО-ДПМНЕ. Но, ние ветуваме дека овој пат тој бројчаник навистина ќе проработи. И ќе започнеме со она што најмногу ги боли нашите сограѓани. А тоа е да провериме дали ние политичарите тоа што го поседуваме сме го стекнале на законит начин или на грбот на граѓаните. Еве јас и моето семејство се пријавуваме први да бидеме дел од тој ветинг на политичарите на македонската политичка сцена. И тоа ќе го примениме во првите 6 месеци. А не да ја префрламе топката дека биле виновни судиите, обвинителите, администрацијата или народот.

Овие не се обични избори, порача Мицкоски. Не само затоа што се случуваат во време на пандемија, туку и затоа што овие се избори кои што ќе треба да ја детерминираат иднината на државата.

-Изборите ќе ја детерминираат иднината на нашите семејства, на нашите потомци, но исто така и ќе треба после овие избори да ги направиме горди и нашите претци кои што со живот го платиле ова што денеска ние го живееме. И тоа не е едноставно, бидејќи после 15-ти јули пред нас ќе дојде исклучително тежок период. Бидејќи ќе треба да си ја обновиме државата. Кога го слушате Никола Димитров како зборува за образ, или Заев како зборува за правда, тоа е исто како да го слушате Ал Капоне да зборува дека е невин. Тие и самите не си веруваат во тоа што го зборуваат, а камоли да ги убедат граѓаните. Но, да се вратам на суштината. Овие избори се ние да се одлучиме дали сме за корупција и криминал или за опција што ќе понуди решение за овие две многу проблематични рани кои што се протегаат изминативе години. Убеден сум дека народот, без разлика дали се Македонци, Албанци, Бошњаци, Срби, Власи, Турци и така натаму, секогаш се исправувал, обединувал пред предизвикот кога е најтешко. И заедно секогаш успевале да победат и појак и помногуброен противник. Така ќе биде и овој пат на 15-ти јули, порача Мицкоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Ковачевски: Гарантираме 30.000 денари просечна пензија, пензионерите ја изградија оваа држава

Јас и моите другари од СДСМ и од коалицијата за европска Македонија сме подготвени да работиме ден и ноќ за да го реализираме она што стои во нашата програма. 

Гарантираме 30.000 денари просечна пензија, но и многу други финансиски мерки за поддршка на нашите пензионери. - порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Охрид.

Во изминатите седум години направивме многу работи. Имавме подеми и падови, но сепак, во ниту еден момент не се откажавме! Ниту кога беше најтешко, кога земјата се соочи со КОВИД пандемијата, и потоа кога се боревме со енергетска и економска криза. Цело време бевме рамо до рамо со граѓаните. Донесовме девет пакети антикризни мерки вредни 2,6 милијарди евра. Им помогнавме на над 660.000 домаќинства да не се соочат со ценовен шок од сметките за струја. Се погриживме нашите пензионери да имаат достоинствени примања и ги зголемивме пензиите за 55%. - рече Ковачевски

СДСМ, Коалицијата за европска иднина и нашиот претседател Стево Пендаровски ви нудиме јасен план за европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, во која функционира демократијата, владеењето на правото, социјалната правда. Рече Ковачевски и додаде: Јас Димитар Ковачевски, во име на сите мои другарки и другари од СДСМ и Коалицијата за европска Македонија, ве повикувам на 24 април и на 8-ми мај да го заокружите бројот 1 и да гласате за европска иднина. Одиме на победа!, се наведува во партиското соопштение.

Трајковски: Уште повисоки пензии во новиот мандат, за подобар живот за пензионерите

Кандидатот за пратеник од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија , Горан Трајковски вечера во Кисела Вода рече: Изминативе седум години напорно работевме. 

Во сите кризи, и пандемија, и економска криза и енергетска криза, Владите предводени од СДСМ успеаја да направат многу. Обезбедивме повисоки плати, пензии, поддршка за бизнисите, за домашните компании. Во најтешкото се обезбедија и огромни средства за антикризни мерки, се заштити стандардот на граѓаните и стопанството.“

“Свесни сме за работите кои ги загрижуваат граѓаните, вечерва и ќе поразгавараме за тоа сигурно. Но, она што сакам да го кажам е дека ние досега покажавме дека имаме план. Ние нема да се откажеме од подобар живот за пензионерите, за работниците, за компаниите. Ние нема да се откажеме од европската иднината на граѓаните. Нема да се откажеме од преговорите со ЕУ. Нема да се откажеме од подобар живот за младите. - рече Трајковски

Зборувајќи за програмата за претстојните избори во која има планирани повеќе мерки за пензионерите како и покачување на пензиите од 20.000 за минимална пензија и 30.000 за просечна пензија, кандидатот за пратеник на СДСМ, Трајковски порача: Ние на дело ја покажуваме нашата заложба за подобра иднина. Во новата програма за европска иднина, се предвидени уште повисоки плати, поголеми пензии, поголема поддршка за компаниите и за земјоделците - рече Трајковски

Во своето обраќање кандидатот за пратеник од СДСМ, Трајковски кажа: „Граѓаните можат и ќе ја препознаат разликата на овие избори. Изборот е меѓу надеж и безнадежност. Меѓу тоа дали ќе одиме напред или ќе се заглавиме пак назад во минатото, нови 11 години.“

„Граѓаните знаат дека со нас нема откажување! Знаат дека нема враќање назад, затоа ве повикувам на 24 април и на 8-ми мај да гласате за Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ и за нашиот претседател Стево Пендаровски – им порача Трајковски на присутните граѓани вечерва во Кисела Вода, се наведува во партиското соопштение.

Се евакуира населението поради ерупцијата на вулкан на Индонезија, аеродромот е затворен

Жителите кои живеат на индонезискиот остров Сулавеси денеска се евакуирани поради опасност од ширење пепел, расфрлани карпи, жежок вулкански облак и потенцијално цунами, пренесе АП.

Властите наредија повеќе од 11.000 луѓе да ги напуштат своите домови, но досега тоа го направиле само околу 1.000 луѓе.

Меѓународниот аеродром во градот Манадо, кој се наоѓа на помалку од 100 километри од вулканот Маунт Руанг, останува затворен поради вулканската пепел во воздухот.

Сателитските снимки од Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика покажуваат дека пепелта се проширила на запад, северозапад, североисток и југоисток, покривајќи ги Манадо и Северна Минахаса.

„Продолжуваме да го следиме развојот на ситуацијата по ерупцијата на планината Руанг и работиме во координација со релевантните актери, со цел да се предвидат активности за да се овозможи безбедност и удобност на воздушниот сообраќај“, рече шефот на регионалниот аеродром Амбар Сурјоко.

Официјалните лица стравуваат дека дел од вулканот може да пропадне во морето и да предизвика цунами, што се случи за време на ерупцијата на тој вулкан во 1871 година.

Во средата, планината Руанг имаше најмалку пет силни ерупции, што го натера Центарот за вулканологија и проценка на геолошки ризик да издаде највисоко ниво на тревога.

На граѓаните им беше кажано да останат најмалку шест километри подалеку од вулканот висок 725 метри.

Индонезија, архипелаг од острови, е дом на околу 270 милиони луѓе и има 120 активни вулкани.

притисни ентер