Меркел: Состојбата со пандемијата во Германија е драматична

Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди дека состојбата со пандемијата во германија е драматична и опасна.

Според неа, сегашните мерки против ширење на коронавирусот не се доволни и постои опасност од преоптоварување на одделенијата за интензивна нега во болниците. Меркел и нејзиниот шеф на кабинет Хелге Браун му се обратија на врвот на ЦДУ со драматичен апел дека секој ден во борбата против коронавирусот е одлучувачки.

„Овој раст мора да се запре. Ситуацијата е многу драматична”, изјавила Меркел, пренесува „Билд“.

Бројот на новоинфицирани лица во Германија сега се зголемува двојно за една недела, што покажува дека нема забавување на епидемиолошкиот развој..

КСС: 100% плата за време на изолација и боледување од Ковид-19 и заштита на работното место

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија уште еднаш ги повикува сите надлежни во државата да се одважат и основното право на плата да не го одзeмаат од работниците кои се заболени или пак се во изолација поради пандемијата со Ковид - 19.

Имено, во изминатава недела слушнавме неколку меѓусебни обвинувања помеѓу синдикат и невладини организации, кој бил виновен да се скрати правото на 100% исплата на боледувањата на работниците кои се во изолација или пак се заболени од Ковид - 19. Жалосно е дека вниманието на јавноста некој се обидува да го сврти кон тоа дали да се исплаќа во јавен или приватен сектор. ГОСПОДА ОВА ПРАВО ВАЖИ ЗА СИТЕ РАБОТНИЦИ И ЗА ОНИЕ ВО ЈАВЕН И ЗА ОНИЕ ВО ПРИВАТЕН СЕКТОР.

Но, мораме да напоменеме дека носење измени со заклучоци, акти или слично од страна на Владата не може да го укине или отстрани нашето право кое ни припаѓа согласно Законот за безбедност и здравје при работа. Напоменуваме ЗАКОН, а Владата од најразлични причини сака да го суспендира Законот со заклучок. Не господа, Закон може да измени само законодавниот дом, а тоа е Собранието.

Согласно Законот за безбедност и здравје при работа и согласно правилникот за биолошки штетности кога се појавува нова штетност, каде што и коронавирусот е запишан како таков во согласност со Европските директиви, треба да се направи ажурирана проценка на ризик на работно место и да се изготви нова изјава за безбедност, согласно именуваниот Закон за БЗР. Законот во член 11 е јасен и сето ова го објаснува, но исто така е јасен дека ова е повреда на работно место.

Од тука прашуваме и посочуваме:

- Работодавачот е должен да ги заштити работниците согласно Законот за БЗР, а дали тоа го сторил?

- Секое заболување на работно место од Ковид-19 се смета за повреда на работното место и се исплаќа 100% боледување.

-Инспекторатот за труд е одговорен сето ова да го следи, да го констатира и да ги заштити правата на работниците. Но, очигледно и таму каде што пријавуваме немаме конкретни одговори.

ЗАТОА НИЕ РАБОТНИЦИТЕ ЗАДРУЖЕНИ ВО КСС ГО ПОВИКУВАМЕ ПРЕМИЕРОТ:

- Да ја прекине оваа конфузија и ограничување и во соработка со стручни и компетенти лица и организација да стави крај на оваа нелегална битка на одредени структури кои се во обид да ги скратат правата на работникот, а правото на плата, да потсетиме е Уставна категорија.

- Да стави крај на уништувањето на работникот со некакви уредби и заклучоци со кои се суспендира Закон, на штета на и онака сиромашниот работник, кој погоден од оваа зараза не може да си дозволи квалитетно и целосно лекување. Почнуваќи од правото на тестирање за кое преку матичен лекар се чека со денови, па се до цената на лекарствата кои се потребни за лечење на вирусот.

КСС останува доследен на бранењето на работничките права и во текот на оваа пандемија и многу пати досега го докажа тоа, без разлика дали тоа му се допаѓа на некого или не.

КСС ги повикува сите организации кои се борат за работничките права да не подлегнуваат на манипулации од одредени структури кои од најразлични лични интереси се обидуваат да подметнат нелогичности.

Време е да се покаже солидарност и време е да се стави крај на сите тие што злоупотребуваат за личен профит и интерес. Правото на плата е наше право запишано во нашиот УСТАВ и верувајте, за нашите чесно заработени плати и за нашето здравје и животи спремни сме да се бориме со сите легални и радикални мерки кои како претставници на работниците ни стојат на располагање.

Конфедерација на слободни синдикати на Македонија

Претседател

Благоја Ралповски

Османи на заедничкиот видео-брифинг со Филипче

Координирана акција и солидарност е клучот за надминување на кризата предизвиката од КОВИД-19, вели Османи.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, организираше заеднички видео-брифинг со Министерот за здравство Венко Филипче со претставниците на сите дипломатско-конзуларни претставништва и мисииакредитирани во Скопје.

Целта на брифингот беше да се информираат Амбасадорите за здравствено-епидемиолошката состојба во државата, но истовремено и заразличните сетови на мерки коиги презема Владата за справување со пандемијата.

„Министерството за надворешни работи е во постојана комуникација со владите од сите земји и со нивните акредитирани претставници во земјата и остануваме на располагање како главен столб со цел навремени и точно информирање за состојбата во земјата во контекст на Ковид-19", истакна Османи.

„Особено сме благодарни до земјите и демонстирањето на заедништвото како чин на солидарност имеѓудржавната соработка бидејќи пандемијата не научи дека во ова време ни е потребна многу повеќе интеграција отколку изолација и само преку координирана акција ќе излеземе многу посилини и отпорни на оваа глобална закана", нагласи Османи.

Министерот за здравство Филипче ги информираше Амбасадорите подетално за последните случувања во однос на справувањето со КОВИД-19, мерките преземени од страна на Владата за здравствена заштита на граѓаните како и понатамошните планови за справување со предизвиците предизвикани од пандемијата.

МИНИСТЕРСТВО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ

Шекеринска- Галовеј: Обединетото Кралство стои покрај Македонија

Обединетото Кралство стои покрај Република Македонија како една членка на НАТО до друга.

Македонија и Обединетото Кралство се две сојузнички земји, члеки на НАТО кои врз заеднички вредности што ги споделуваат изградија многу цврста и активна соработка.

Ова го истакнаа министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј денеска по одржаниот состанок на кој што дискутираа за заедничките вредности што ги споделуваат двете држави како членки на НАТО.

-Врз тие вредности навистина изгрдивме многу цврста и многу активна соработка заснована на фактот дека Македонија и Обединетото Кралство се две сојузнички земји, членки на НАТО. Како новопримена членка на НАТО се наоѓаме во процес на интеграција на воен, политички, организиран и тактички план. Нашата армија сега е НАТО армија. Огромното искуство на нашите пријатели од Обединетото Кралство за нас е од огромна помош во тој процес. Тука се сега со нас помагајќи и на нашата армија со обуки и тренинзи. Додека денеска разговараме во Скопје, два британски тима за обука се на Криволак заедно со нашите војници пренесувајќи им ги вештинитите на современи воено одбранбени техники, истакна Шеќеринска.

Таа додаде дека кога започна оваа засилена соработка во одбраната во 2018 година заедно со Обединетото Кралство биле оптимисти кон заедничката соработка, но не очекувале вака засилено темпо на соработка што се однесува на школување, заеднички тренинг, создавање искуство и користење опрема, развој на декларираните единици, на родовата перспектива, што резултираше со потпишување договорот за одбранбена соработка.

Амбасадорката Галовеј најави дека Обединетото Кралство ќе донира значителна нова опрема, во вредност од 230 илјади британски фунти, на Армијата на Република Македонија, што ќе биде наменета за претстојната способност на армијата за „блиска борба на пешадија без возила" и конкретно во единиците назначени за НАТО.

-Односите помеѓу Обединетото Кралство и Република Македонија се посебни. Тие не се само односи помеѓу сојузници, туку се поблиски и наликуваат на роднински, засновани на заеднички вредности и демократски принципи. Како една членка на НАТО до друга, Обединетото Кралство стои покрај Република Македонија. Природата на овој однос е особено очигледна во одбранбените и безбедносните прашања, изјави амбасадорката.

Галовеј истакна дека во моментов има два тима од британската армија кои се обучуваат заедно со армијата на полигонот Криволак, а намерата на Обединетото Кралство е да продолжи со оваа поддршка, зголемувајќи го притоа и интензитетот и зачестеноста во наредната година.

Таа додаде дека еден од тимовите кои се обучуваат заедно со армијата на полигонот Криволак реализира обука за помлади лидери, додека вториот тим ја поддржува обуката на Лесната пешадиска баталјонска група назначена за НАТО. /МИА

притисни ентер