„Медена земја“ влезе во трка за Oскар во две категории

Македонскиот документарец „Mедена земја“ испишува историја.. Попладнево американската филмска академија го номинира филмот во две категории за Oскар, за најдобар документарец и најдобар странски филм..

Долгоочекуваното конечно се случи – Медена земја со две историски номинации за „Оскар“, за најдобар документарец и за странски филм. Еуфоријата очекувано беше најгласна на Еквадор, каде што тимот на македонскиот документарец, составен од режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов го следеше епилогот од одлуката на Американската филмска академија.

Продуцентот на „ Медена Земја“, Атанас Георгиев, за Канал 5 со порака до целата планета – да одекне главната порака на филмот а тоа е „ Земи пола, остави пола“.

 Ова е првиот македонски филм со две номинации за Оскар, со што „Медена земја“ испиша историја. На Фејсбук профилот на „Медена земја“ тимот напиша: Преку жената која случајно ја сретнавме, пред светот се отвори приказна - алегорија на една глобална слика каде што хуманото и натуралното се борат да преживеат. Атиџе и пчелите се прототип за новиот генски материјал, кој треба да победи во битката на титаните, каде што природата се бори со деструктивното. Тимот дополнително се заблагодари и и на членовите на Академијата што филмот го нарекоа – „ МАТЕРИЈАЛ ЗАСЛУЖЕН ЗА ОСКАР“.

„Медена земја“ е филмот кој што направи културолошки пресврт во домашни и светски рамки. Филмот повикува на скромност, отсликано преку главниот лик Атиџе која успеа со целиот тим на филмот да ни ја покаже важноста од тоа дека треба да се биде скромен во сопственото делување.

Со триумфот на фестивалот „Санденс“ на крајот на јануари „Медена земја“освои 15 значајни награди на најпрестижните филмски фестивали, номинација за европски оскар, а филмските критичари го вброија во најдобрите десет филмови за 2019 – та.

притисни ентер