„Ла Кроа": По две децении, ултра чувствителен попис во Македонија

Францускиот дневен лист „Ла Кроа" со репортажа се осврнува на пописот на населението во Македонија, кој се организира по две децении „нарекувајќи го ултра чувствителен попис, пренесува дописникот на МИА.

-Поранешната југословенска република, каде што мнозинството Македонци словени живеат заедно со големо албанско малцинство, се нема преброено од 2002 година. Поради потенцијалното влијание врз етничките заедници, тоа е деликатна операција, извор на фронтовски битки, пишува „Ла Кроа" и потсетува дека „Пописот, од суштинско значење во земја која претендира да влезе во Европската унија, треба да се одржува на секои десет години, но досега наидуваше на силен отпор."

Новинарот на АФП ја следи работата на Илина Димитријевска, која оди од куќа до куќа во Илиден, претежно населено место источно од Скопје со македонско насeление, нејзината работа е едноставна.

„Се оди добро овде, ниту еден агент не е одбиен", вели младата жена. Сличан е констатацијата и Вјолца Мустафа од Сарај која ги попишала сите членови на нејзиното семејство.

Францускиот весник потсетува дека Уставот на земјата дава одредени права за секоја етничка заедница која е повеќе од 20 отсто од населението, на национално ниво, како и на локално ниво. Како распределбата на одредени јавни функции, полицијата, војската или министерства, подлежи на етнички квоти. Употреба на различни јазици во официјални документи или во образованието исто така.

Последниот попис се одржа една година по конфликтот во 2001 година меѓу албанските бунтовници и македонските сили.

Земјата тогаш имаше 2,1 милиони жители, две третини Македонци, 25 отсто Албанците, како и српско, босанско, ромско или турско малцинство.

Но, оттогаш, експертите проценуваат дека населението паднало на 1,6 или 1,7 милиони поради масовната емиграција.

Во 2011 година беше прекинат обидот за попис, со обвинувања меѓу етничките заедници за обиди за зголемување на бројките.

Според националниот завод за статистика, неколку дена пред крајот на работата на 30 септември, повеќе од 1,3 милиони луѓе одговориле на прашања за нивната верска и етничка припадност, мајчин јазик, користен јазик, ниво на образование или приход.

Но, операциите ги оспоруваат одредени заедници кои однапред ја обвинија социјалдемократската влада на Зоран Заев дека сака да ги фалсификува резултатите.

Пратеникот Димитар Апасиев, лидерот на левичарската опозициска партија Левица се залага за бојкот со образложение дека методологијата што се користи ќе биде неповолна за Македонците. Тој тврди без да даде докази дека 200.000 луѓе го следат неговиот повик.

Емин Хусев, претставник на турската заедница, предупреди дека ако „Турците се помалку од седум проценти, тие нема да ги признаат резултатите". Истата приказна со ДУИ, албански партиципиент во владината коалиција, за која операцијата ќе биде нелегитимна доколку Албанците се најдат под 20 отсто.

Проблемот меѓу Македонија и Бугарија, која ја блокира кандидатурата на Скопје за ЕУ барајќи од земјата да ги признае нејзините „бугарски корени", исто така се прелева и на пописот.

Во Софија, некои политичари го обвинуваат Скопје дека врши притисок врз 130.000 жители, кои имаат бугарски пасош да не се изјаснат дека имаат бугарско потекло.

Владата тврди дека недостатокот на демографски податоци го отежнува планирањето на потребите на населението и државата.

Правата на заедниците „ќе останат апсолутно исти", вети Зоран Заев. „Главната цел е да знаеме колку граѓани имаме, колку живеат во странство за да можеме да планираме".

Од своја страна, ВМРО-ДПМНЕ, десничарската опозиција, која првично се спротивстави на пописот обвинувајќи ја владата дека сака да го зголеми бројот на албанското население, а потоа се повикуваше и на ковид-кризата, на крајот заврши со приклучување кон него. Иако предупреди дека внимателно ќе ги следи резултатите, очекувани на почетокот на 2022 година, пишува „Ла Кроа"./МИА.

Сателитска снимка ја покажува катастрофата по поплавите во Дубаи (ФОТО)

Невидените обилни врнежи од дожд поплавија делови од Обединетите Арапски Емирати минатата недела, со што животот беше запрен во Дубаи и други делови од пустинското кралство.

Како што пренесува CNN, најголемите регистрирани поплави во ОАЕ биле толку интензивни што можеле да се следат со денови преку сателити од вселената, откако облаците се разделиле и паднале последните капки дожд.

Се излеа како противпожарно црево во Дубаи од вторник, 16 април до средата, доцна навечер. Во Дубаи - најнаселениот град во земјата, за само 12 часа наврна дожд колку за една година, додека околните области имаа речиси двојно повеќе врнежи за 24 часа.

Најобилни врнежи имаа во областите северно и источно од главниот град на земјата, Абу Даби. Вкупните врнежи од околу 100 до 200 милиметри беа вообичаени, но неколку локации забележаа скоро 250 милиметри дожд на метар квадратен.

Поплавите брзо се зголемија и полека се повлекуваа како резултат на историскиот потоп, кој беше најекстремниот настан во земјата од водење на евиденција пред 75 години. Помалку од два дена откако дождот престана, сателитот Ландсат 9 помина над ОАЕ во петокот на 19 април и сними снимки од големи базени од поплави. Сателитот собирал детални снимки од површината на Земјата и е управуван од НАСА и Геолошкиот институт на САД.

Темно сините базени на сликите ги истакнуваат водите од поплавите, кои се во целосна спротивност со типично сувата почва во регионот, која изгледа кафеава или светло-кафеава. Прикажаната поплава е во најјужниот дел на Дубаи. Овие снимки се направени од сателитот Landsat 9 и се обоени за да се потенцира присуството на вода. Прикажаните бои не се толку верни како што би изгледале на лице кое гледа од вселената, но тие го олеснуваат воочувањето на разликите на површината.

Сателитот забележал и значителни поплави во Абу Даби. Малите, плитки водни тела се светло сини. Поголемите и подлабоки базени со вода од поплави се темно сини. Големи површини на сува, кафена почва, исто така, стануваат зелени по врнежите. Ова веројатно покажува дека почвата во многу области ја задржала влагата од дождот, иако тие не биле целосно поплавени.

Силниот дожд е поврзан со поголем систем на бура минатата недела што го преминал Арапскиот Полуостров и се преселил преку Оманскиот Залив. Истиот циклон донесе смртоносни поплави и во блискиот Оман, каде што загинаа најмалку 18 лица. Екстремните врнежи како овој стануваат сѐ почести како што се загрева атмосферата поради климатските промени предизвикани од човекот.

Макрон вети дека ќе плива по Сена за да докаже дека не е загадена за време на Олимпијадата

Градоначалничката на Париз, Ан Идалго денеска изјави дека ќе плива во Сена со францускиот претседател Емануел Макрон за да докаже дека квалитетот на водата на реката ќе биде на нивото потребно за претстојните Олимписки игри.

Идалго потврди дека ги поканила организаторите на Олимпијадата и високите француски функционери да пливаат во Сена на настан кон крајот на јуни или почетокот на јули оваа година, вклучувајќи го и Макрон, кој претходно ветил дека ќе плива во реката, пренесува Ројтерс.

„Ќе нуркаме во Сена и многу волонтери се појавија да нуркаат со мене и многу спортисти ќе бидат таму. Ќе биде безбедно да се плива во Сена“, изјавила Идалго.

Претходно, француската невладина организација „Suffrider Foundation“ предупреди дека квалитетот на водата во Сена не е доволно добар за пливање во неа за време на Олимпијадата, врз основа на шестмесечни мерења на квалитетот.

За чистење на оваа река ќе бидат инвестирани 1,4 милијарди евра, а од 1 јуни ќе почнат новите рутински мерења.

Организаторите на ОИ претходно најавија дека е можно да се одложат одредени настани во случај на голема загаденост на Сена, а во најлош случај ќе биде откажан пливачкиот дел од планираните триатлони.

Исто така, е најавено дека пливањето во делови на Сена ќе биде дозволено за јавноста, за прв пат од 1923 година.

Ники Минаж ја гаѓаа со шише од публиката, таа им врати (ВИДЕО)

На концертот на пејачката Ники Минаж во Детроит во саботата се случи инцидент.

Често се случува разни предмети да завршат на сцената, а овој пат Ники Минаж имала проблем со еден од обожавателите кој ѝ фрлил пластично шише.

И тогаш таа реагирала.

Меѓутоа, пејачката навреме го забележала тој човек, се тргнала настрана од шишето, а потоа го зела и со иста мерка му го вратила, по што почна да се шири на социјалните мрежи.

Вакви непријатни ситуации се случувале и порано, изложувајќи ги и изведувачите и публиката на одредена опасност. Карди Б ја гаѓале со вода па го фрли микрофонот кон „фанот“.

Биби Реџа минатата година за време на настап беше удрена со мобилен телефон по лице, па од болки се струполи на бината и подоцна ги покажа модринките. Хари Стајлс бил погоден во око на концерт во Виена во 2023 година, пишува Buzz Feed. Го држеше лицето додека излегуваше од бината. Раперот Лил Наз Икс за малку ќе го погодеше секс играчка на настап во Шведска. Оливија Родриго доживеала непријатна ситуација во Њујорк, кога букет цвеќе од публиката ја погоди во лице.

притисни ентер