Колапс на помпезно најавуваниот софтвер на ДИК

Помпезно најавуваниот брз софтвер на Државната изборна комисија кој требаше во „real time“ да ги покажува резултатитеод изборниот процес, синоќа доживеа дебакл.

Во 21 часот по самото завршување на гласањето, во еден момент се појавија првичните резултати, ноза многу кратко страната на ДИК падна, па граѓаните немаа можност да ги следат резултатите.

Иако во некои моменти проработуваше, забележливи беа големи грешки и пропусти.

Утринава на сајтот во неколку наврати се појавија сосема различни резултати за 4тата Изборна единица. Во Ново Село - најпрво водеа ДУИ со 46,22%, Алијансата и Алтернатива имаа 25,21%. Во следниот момент ДУИ имаа 36%, Алијансата и Алтернатива 33,71%. За на крај Алијанса и Алтернатива да водат со 67,86%, а ДУИ 21,43%.

Околу дебаклот на ДИК, се огласија и од партијата СДСМ.Ја повикаа Комисијата веднаш да ги поправи грешките и да презентира точни резултати пред јавноста.

„Според податоците на изборниот компјутерски центар на СДСМ, разликата во корист на коалицијата „Можеме“ изнесува најмалку три мандати, а во податоците презентирани од страна на ДИК забележани се сериозни недостатоци и грешки кои може да даваат неточна слика за конечниот резултат.“се вели во партиското соопштение.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак обвини дека податоците на веб страната на ДИК – сомнително се броени и внесувани.Разговарал со претседателот Дерковски, кој е избран на функцијата по нивни предлог - и добил уверување дека секој записник се проверува и во текот на денот ќе го има конечниот став. Не гледа одговорност кај Деркоски и вели дека е задоволен од неговата работа.

-„Во овој момент не се размислува за барање одговорност, бидејќи сме задоволни од работата на претседателот на Државната изборна комисија.“ смета Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Освен софтверот на ДИК, вчера мета на хакерски напад беше и агрегаторот на вести time.mk.

Во еден момент со појави телоп со порака –: „Поминаа уште едни „демократски избори“ и како што може да забележиме истата приказна е секои 3-4 години само што овој пат село горе баба на избори оде. Ама што да правиш кога гласачкото тело е еден огромен паразит што гледа само да ц*** од државна ц**** додека е заведено од празните ветувања на сите партии во оваа наша прекрасна држава...“, пишуваше во дел од пораката.

Првиот човек на time.mk Игор Трајковски вчера на социјалната мрежа Твитер напиша дека досега страната не била цел на толку агресивен сајбер напад. Инаку во текот на вчерашниот ден, некое време паднат беше и веб порталот на Министерството за внатрешни работи.

Казнети 423 лица за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 423 прекршоци, соопшти МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со КОВИД-19.

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е пред банкрот, граѓаните се на питачки стап, а Заеви трпаат милиони

Зоран Заев и СДСМ преку поскапената струја, која ќе ја плаќаат граѓаните, собираат свежи пари кои подоцна преку тендери треба да ги земат фирми блиски до власта и Заеви.

Додека граѓаните плаќаат поскапи сметки за струја, фирмите на Заеви нижат профити.

Доколку во изминатиов период СДСМ се поставеше домаќински и наместо буџетите на РЕК Битола и ЕЛЕМ да ги гледа како средство за богатење на поединци и се насочеше кон инвестиции и штедење немаше овие компании да имаат намалена добивка.

Наместо да вработуваше партиски војници и да врши директен поткуп пред избори, СДСМ преку ЕЛЕМ можеше да влијае на цената на струјата, која секаде во регионот и Европа во период на пандемија се намалува, само кај нас се покачува.

СДСМ не се грижи за граѓаните, се додека се работи за интересот на поединци блиски до Заеви.

Македонија е колатерална штета на желбата за богатење на Заеви и луѓето околу нив и тоа на сметка на трудот и маката на 2 милиони луѓе.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Кардиоваскуларните болести и ракот најчести причини за смрт во Европа и кај нас

 Болестите на циркулаторниот систем и ракот заедно се причина за повеќе од половина од смртните случаи во ЕУ и се движи од 52 проценти во Франција до 82 отсто во Бугарија. 

По овие две болести, трета најчеста причина за смрт во најголем број земји од ЕУ се болестите на респираторниот систем, покажуваат податоците на Евростат.

Највисока смртност од циркулаторни болести има Бугарија – 66 отсто, а најниска во Данска – 23 проценти. Кај нас болестите на циркулаторниот систем се причина за смрт кај 51,8 проценти од случаите.

Според податоците на Државниот завод за статистика во 2019 година најзастапени причини за смрт во нашата земја се болестите на циркулаторниот систем – 51.8 процент, неоплазмите со 18.6 проценти, симптомите, знаците и ненормалните клинички наоди, некласифицирани на друго место со 10.7 проценти, ендокрините, нутритивните и метаболичките болести со 4.6 проценти итн.

Болестите на циркулаторниот систем биле главна причина за смртност во сите земји од ЕУ, освен во Данска, Ирска, Франција и Холандија, каде бил ракот, покажуваат податоците на Евростат за 2017 година.

За правилна споредба меѓу земјите, Евростат врши анализа на бројот на смртни случаи на 100 000 жители.

Највисока стапка на смртност во ЕУ во 2017 година има Бугарија со 1 631 смртен случај на 100 000 жители. По неа следи Романија со 1 488, па Летонија 1 485, Унгарија 1 470 и Литванија 1 418 смртни случаи на 100 000 жители.

Најмала стапка на смртност во ЕУ има Франција со 838 смртни случаи на 100 000 жители, според податоците од 2016 година, по што следи Шпанија со 844, Италија – 875 и Луксембург – 911 и Шведска – 916.

притисни ентер