Кој и зошто, дозволи журки и неред во Охрид среде епидемијата?

Бизарни журки како да нема епидемија, купишта расфрлан смет, неколку кривични пријави, казни за неносење маски, жена почина откако беше прегазерна со кола од 19 годишник. 

Полицајци пукале при брканица со глисер и комплетна разочараност кај совесните граѓани. Ова е епилогот од празничнито продолжен викенд во Охрид. Тоа што медиумите предупредуваа дека може да се случи се оствари, а здравствениот епилог од неоговорното и себично однесување на некои наши сограѓани ќе го видиме за околу една недела...

По сликите и видеата од викендов што измина многумина се прашуваат кој и зошто, дозволи ваково однесување кое беше лесно да се предвиди. Полицијата смета дека тие сториле се што е во нивна надлежност, а и покрај тоа што охридската полиција изминативе денови поднесе вкупно 251 казна за неносење маска, најавија дека времето за апели и дефинитивно истече, а казнувањето ќе биде поинтензивно.

Не само елементарното непочитување на мерките за заштита, посистелите во Охрид демонстрираа и исклулително ниска еколошка, а некои кажаа и цивилизациска свест. Локалните комунални служби не можеа да го дочистат тоа што дел од граѓаните го оставија зад себе. Светол пример е ова момче, кое реши само да ги исчисти охридскиот кеј...

Инаку, полицијата на Охридското езеро викендов мораше и да пука во воздух во обид да запре глисер со албански ознаки, кои од водите крај Радожда се движел кон селото Лин во Албанија и предизвика граничен инцидент.

Според информациите на МВР во глисерот имало предмети за кој полицијата смета дека потекнуваат од кривично дело, но место да застанат на наредба на патролата двајцата мажи кои управувале со пловилото избегале.

Норис верува во прва Ф1 победа оваа сезона

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, изјави денеска дека неговиот настап на последната трка во Кина покажал дека може да ја оствари својата прва Формула 1 победа оваа сезона.

Норис заврши втор на кинеското ГП во Шангај минатата недела зад Макс Ферстапен од Ред Бул, порачувајќи дека и самиот не очекувал таков резултат.

Во последните 23 трки, Ферстапен забележа 21 победа и на другите возачи им е тешко да му парираат.

„Веќе реков, не ми треба поголема самодоверба. Трката во Кина тоа го докажа. На почетокот на годината реков дека мислам оти можеме да се бориме против Ред Бул и ќе можеме да победуваме. Секако тоа нема да биде лесно. Но во едно вистинско време, во добри услови и со работи што малку повеќе ќе му одговараат на нашиот болид – верувам 100 отсто во тимот и во мојата способност да го направам тоа“, изјави Норис за Скај. /МИА

Поради чести одрони во Дебарско се препорачува многу внимателно возење

Поради чести одрони и влажни коловози на патните правци, кои се под надлежност на дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта, се препорачува многу внимателно возење.

- Поради обилните дождови присутни на патните правци под наша надлежност има чести, но помали одрони од камен и земја. Поради тоа, но и влажните коловози препорачуваме многу внимателно возење, приспособување на брзината на движење според условите на патот и строго почитување на патната сигнализација, изјави за МИА Деар Лиманоски, раководител на секцијата.

Екипи на секцијата се постојано на терен со цел навремено расчистување и безбедно одвивање на сообраќајот.

-Под наша надлежност се патишта во должина од над 120 километри, делниците Дебар - Жировница (патен правец Дебар - Маврово), Дебар - Глобочица (патен правец Дебар - Струга), патот кон граничниот премин „Блато“, кракот Бошков Мост кон селата на Мала Река, како и патот Мелнички Мост - Центар Жупа, посочува тој.

Додава дека снегот, кој врнеше во неделата, не создаде проблеми во одвивањето на сообраќајот, но придонесе за појава на одрони.

Чешка донираше инкубатор за бебиња на клиниката „Мајка Тереза“ во Чаир

Чешкиот амбасадор Јарослав Лудва заедно со Министерот за здравство Илир Демири официјално предаде инкубатор од чешката фирма ТСЕ Ческе Будјејовице. 

„Оваа опрема од ТСЕ е уште една потврда за пријателските врски помеѓу нашите две земји. Сигурен сум дека овој инкубатор со висока технологија понатаму ќе го унапреди угледот на клиниката во Чаир и ќе спаси многу бебешки животи,“ рече чешкиот амбасадор Јарослав Лудва.

Финансирањето на проектот беше обезбедено од Чешката агенција за развој заедно со македонската фирма Промедика.

„Промедика во своето делување останува посветена општествено одговорна компанија учествувајќи во донација на најсовремен инкубатор за потребите на Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Чаир, Скопје. Веруваме дека оваа донација значи многу за најмалите и најборбените пациенти, за нивните семејства и за целиот персонал којшто ги лекува овие бебиња,“ рече Маја Николовска, директор на Промедика.

Амбасада на Чешката Република во Скопје

притисни ентер