„Ќе те сакам засекогаш“ – откриени љубовни писма на Бред Пит кои не се наменети за Џоли

Додека Бред Пит и Анџелина Џоли со децата се Австралија каде ги минуваат празниците, во американските медиуми излегоа делови од љубовни писма кои Пит ги пишувал до друга жена.

Станува збор за неговата поранешна девојка, Џил Шоелен со која се забавувал во 80-те.

„Те обожавам, ќе те сакам засекогаш, е дел од едно писмо, додека во друго актерот напишал, „Не можам да престанам да мислам на тебе. Не се чувствувам комплетно ако не си покрај мене“.

„Бред ми ги има напишано едно од најубавите писма што маж може да и ги напише на жена. Мислам дека тоа беше мошне остроумно и полно со душа. Врската со него беше прекрасно искуство“, открива актерката.

Таа во 80-те години беше популарна ѕвезда од хорор филмовите, врската со Пит ја прекина заради романсата со режисерот на филмот што го работела во Унгарија.

Сепак, за Бред Пит ова била една од најлошите врски во неговиот живот, во интервју тој има изјавено дека се уште не може да го преживее понижувањето што го доживеал.

Батлер чека вести за својата повреда: Немам добро чувство...

Бекот на Мајами, Џими Батлер, ќе биде подложен на магнетна резонанца на повреденото десно колено пред да гостува во Чикаго во меч од плеј-инот на НБА.

Конечната одлука нема да биде донесена додека не се прочитаат резултатите од тестовите, а Батлер би можел да пропушти барем неколку недели. Кошаркарот се повреди во првата четвртина од натпреварот против Филаделфија.

- Немам добро чувство, тоа е се што можам да кажам. Се надевам дека сум добро, коментираше Џими Батлер по натпреварот.

Агентот на Батлер, Берни Ли потврди за западните медиуми дека степенот на повредата се уште е нејасен.

Триесет и четири-годишниот бек имаше просек од 20,8 поени на 60 натпревари за Хит оваа сезона. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Чаен колач

Во четврток (18.04.2024) во емисијата гостин ни беше Анета Љумаковска.

Состојки за денешниот рецепт:

3 јајца

2 банани

1 јаболко

1 лажиче мед

1 кесичка прашок за пециво

2 лажици интегрално брашно

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер