„Кампањата 16 дена активизам“: Сите имаме должност за жените и девојчињата да бидат безбедни

Сите имаме должност за жените и девојчињата да бидат безбедни и онлајн и офлајн.

Препознајте, блокирајте и пријавете дигитални и други форми на насилство врз жените и девојчињата е годинешното мотото на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство” што ќе почне денеска во 18 часот, со настан во Градскиот Трговски Центар, одбележувајќи го Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените и девојчињата.

Со овој настан, семејството на Обединетите Нации, Европската Унија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје официјално ќе ја започнат кампањата “16 дена активизам”, која традиционално се спроведува заедно со многу други национални и меѓународни партнери и претставници на граѓанското општество.

„16 дена активизам” е меѓународна кампања што се одржува секоја година, почнувајќи на 25 ноември на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, а завршувајќи на 10 декември, Денот на човековите права. Покрај централниот настан во Скопје, во рамки на кампањата се организираат многу други настани низ земјата, вклучувајќи и презентации, обуки, филмски фестивал како и панел дискусии.

-Насилството врз жените и девојчињата останува широко распространето и уништувачко кршење на човековите права. Тоа постои во секоја земја, во секоја култура и заедница. Без исклучок. Во 21-от век, вели амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија во Македонија.

Бројките, додава тој, се вознемирувачки. Една од три жени на возраст од 15 и повеќе години доживува физичко и/или сексуално насилство. Жените се таргетирани дома – а за време на пандемијата насилството само се зголеми; на нивното работно место, во училиштата и универзитетите, на улица, во миграцијата и сè повеќе и повеќе онлајн – преку сајбер насилството и говорот на омраза.

Фокусот на овогодишната кампања во Македонија ќе биде токму на зголеменото дигитално насилство.

-Технолошкиот напредок им овозможи на сторителите на насилството врз жените да ги извршат своите злосторства на безбедно растојание. Секој може да биде навредлив од удобноста на својата фотеља, криејќи се зад екранот и зад анонимниот профил и речиси секогаш без никакви последици. Речиси како видео игра, вели Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Тој ги повика сите доколку забележат нешто, да преземат нешто.

-Препознајте, блокирајте и пријавете го дигиталното и секоја друга форма на насилство врз жените и девојчињата! Само преку кревањето на гласот ќе можеме да го направиме реалниот и онлајн светот, побезбедно место за жените и девојките, нагласува Вал.

Што е #16Денови на активизам? Тоа е повик за акција и потсетување дека насилството врз жените и девојчињата е најраспространетото кршење на човековите права во светот.

-Кога зборуваме за насилството врз жените и девојчињата, мора да зборуваме за огромната штета која тоа ја нанесува на сите нас, истакнува Росана Дуџак, постојан координатор на ОН во Македонија.

Таа додава дека мора да се создаде безбедна социјална средина што им е потребна на сите жени и девојки, со тоа што ќе се погрижат секој случај да биде пријавен и третиран со соодветна поддршка, не само од релевантните институции, туку и од заедниците.

-Потребна ни е политика на нулта толеранција на насилството врз жените и девојчињата, како на работа, така и дома, во училиштата, офлајн, онлајн и насекаде. И на крај, најважното е сите да се приклучиме, вели Дуџак

Бајден утре ќе го пречека Зеленски за разговори во Белата куќа

Претседателот на СAД Џо Бајден утре ќе биде домаќин на својот украински колега Володимир Зеленски, со кого ќе има средба во Белата куќа.

Бајден го повика Зеленски за „да ја нагласи непоколебливата посветеност на САД да го поддржат народот на Украина додека тие се бранат од бруталната руска инвазија“, рече портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

„Додека Русија ги засилува нападите со ракетни и беспилотни летала против Украина, лидерите ќе разговараат за итните потреби на Украина и за виталната важност од континуираната поддршка од САД во овој критичен момент“, додаде таа во изјавата.

Кабинетот на Зеленски на Телеграм објави дека украинскиот претседател ќе пристигне во Вашингтон на 11 декември и ќе се сретне со Бајден за време на работната посета која ќе опфати „низа состаноци и разговори“.

Клучни теми на посетата ќе бидат одбранбената соработка меѓу САД и Украина, „особено преку заеднички проекти за производство на оружје и системи за противвоздушна одбрана, како и координација на напорите на нашите земји во наредната година“, објави кабинетот на Зеленски. /МИА

Декемвриско заседание на Европскиот парламент во Стразбур

 Од денеска до четврток во Стразбур ќе се одржи пленарна седница на Европскиот парламент, во чии рамки ќе биде организирана и церемонија на врачување на овогодишната Награда за слободата на мислата „Сахаров“, јави дописникот на МИА од Брисел.

Заседанието почнува попладнево со дебата за предложените измени на правилата на ЕУ за попрецизно означување на карактеристиките на земјоделско-прехранбени производи, како мед, овошни сокови и џемови, со цел да им се овозможи на потрошувачите при купувањето на овие продукти да бидат подобро информирани за нивните состојки. Во продолжение европратениците ќе расправаат за нивните предлози за изборите за членови на Европскиот парламент предвидени за јуни идната година, поврзани со начините за поттикнување на поголема излезноста и за зајакнување на демократските процеси, како и за механизмот за избор на идниот претседател на Европската комисија. Гласањето по овие предлози е закажано за утре.

За утре е предвидена и церемонијата на доделување на наградата „Сахаров“ на овогодишните лауреати, покојната иранска активистка за женски права Џина Махса Амини и движењето „Жена, живот, слобода“ во Иран.

Џина Махса Амини беше 22-годишна Иранка со курдски потекло, која почина во септември минатата година во притвор во Техеран од последици од физичкото малтретирање од страна на припадници на иранските безбедносни служби. Нејзината смрт предизвика масовни протести во Иран против законите со кои се дискриминираат жените во земјата.

На дневниот ред на утрешното продолжение на парламентарното заседание е дебатата и гласањето за усвојување на Законот за критични суровини, кој има за цел да го зајакне снабдувањето со стратешки суровини и да ја зголеми конкурентноста и суверенитетот на ЕУ во овој сектор.

За утре попладне е закажана и расправата посветена на состојбата во Газа, во чии рамки европратениците ќе дебатираат со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел за потребата од ослободување на сите заложници од страна на Хамас, за постигнување хуманитарен прекин на огнот во актуелниот конфликт и за изгледите за мировно решение за израелско-палестинскиот спор според моделот за постоење на две држави – Израел и Палестина.

Во текот на утрешниот ден европратениците ќе расправат за измените во правилникот на Европскиот систем за здравствени податоци, со кои би се овозможило полесен електронски пристап до информациите за здравствената состојба на пациентите, вклучително и кога тие се наоѓаат во друга земји членка на ЕУ. Изјаснувањето на пратениците за олеснувањето на пристапот до здравствените податоци е превидено за в среда.

В среда на дневен ред на седницата е дебата посветена на декемврискиот Самит на ЕУ, што ќе се одржи в четврток и петок. На дебатата со претставници на шпанското претседателство со ЕУ и на Европската комисијата, се очекува европратениците да ги изнесат своите барања и очекувања од Самитот.

Истиот ден е предвидена и дебата на европратениците со шпанскиот премиер Педро Санчез, кој пред Европарламентот ќе ги презентира резултатите од претседавањето на Шпанија со Советот на ЕУ во периодот јули-декември 2023 година. Во пресрет на дебатата, предвидена е и билатерална средба на Санчез со претседателката на ЕП, Роберта Мецола./МИА

„Вашингтон пост“: Израел приведува цивили во Газа, многумина се водат како исчезнати

Многу од приведените биле приведени од израелските сили додека бегале на југ.

Израелските сили привеле палестински цивили, главно мажи, во Газа за време на двата месеци од војната, според членовите на семејствата и групи за човекови права, кои велат дека не добиле информации за локацијата, условите на притвор или обвиненијата против исчезнатите, објави „Вашингтон пост“.

Многу од приведените биле приведени од израелските сили додека бегале на југ или за време на израелските операции на север, велат пријателите и роднините во повеќе од десетина интервјуа за Вашингтон пост. Некои од нив биле чувани со часови надвор или во метални приколки и потоа пуштени. Други се уште се водат како исчезнати.

Членови на семејства изјавија за „Вашингтон пост“ дека виделе како израелски војници ги приведуваат нивните роднини, кои не се поврзани со Хамас или вооружени групи, и оттогаш немаат слушнато ништо за нив.

Израелските сили соопштија дека апсат членови на Хамас и оние вклучени во нападот врз Израел на 7 октомври. Сепак, израелските власти не открија колку луѓе привеле, кои се правните основи за тоа и каде се држат, вклучително и дали во Газа или во Израел. Шин Бет се уште не одговорил на барањата на Вашингтон пост за коментар.

„Вашингтон пост“ забележува дека тоа е систематска практика што предизвикува загриженост кај организациите за човекови права и семејствата на притворените цивили. /МИА

притисни ентер