„КАМ“ ги отвори вратите на најголемиот логистички центар во државата - Канал 5

„КАМ“ ги отвори вратите на најголемиот логистички центар во државата

На вкупна површина од 60.000м2, КАМ го претстави најголемиот логистички центар досега во Македонија, изграден по најсовремени стандарди. 

„КАМ“ ги отвори вратите на најголемиот логистички центар во државата

Објектот се наоѓа на само неколку километри од центарoт на Скопје, а се протега на простор од 16.000м2 и располага со капацитет од 6.800 палети за суви продукти, како и 2.500 палети за замрзнати производи, овошје, зеленчук и свежо месо.

Оваа инвестиција вредна 12.000.000 евра овозможува брзина и ефикасност во работењето кои, придонесуваат за огромна заштеда во цената на производите која се пренесува на крајните потрошувачи.

Логистичкиот центар поседува сопствен оддел за Контрола на квалитетот кој врши дневни редовни контроли на артиклите на самиот влез со што гарантира свежина и квалитет на сите производи.

Процесот на прием и чување на производите на посебни температурни режими, во соодветни комори како на пр. овошјето, зеленчукот, месото, чоколадите, млечните и длабоко замрзнатите производи подлежи на строги контроли.

За КАМ, свежината, безбедноста и квалитетот на сите производи има врвен приоритет!

Редовното снабдување на сите КАМ маркети ширум земјата на дневно ниво КАМ го реализира и контролира самостојно. Современата опрема и модерните електро-виљушкари кои се користат, не само што овозможуваат максимална ефикасност, туку со нив значително се минимизира и физичката работа во целиот објект. Логистичкиот центар нуди современи услови за работа, адекватен надомест и пријатна атмосфера за повеќе од 150 вработени.

Со начинот на работа, логистичкиот центар КАМ активно придонесува за заштита на животната средина. Месечно тука се рециклираат 100 тони отпад, а целосно оптимизираниот процес на дистрибуција заштедува 5 милиони километри пат месечно, што директно заштедува и 900 тони емисија на CO2 во атмосферата.

Со својот нов логистички центар, КАМ ги донесе европските стандарди на работење во малопродажбата на прехранбени производи во Македонија, па оттаму и мотото „Висок квалитет – ниски цени“ не е обична флоскула, туку реалност која се практикува во КАМ.

Актерката позната по хит серијата од 90-тите се разведува по 18 години брак

Кортни Торн-Смит, позната по улогата во серијата од 90-тите „Мелроуз Плејс“, поднесе барање за развод од сопругот Роџер Фишман по 18 години брак.

Актерката позната по хит серијата од 90-тите се разведува по 18 години брак

Како што откри американското списание „Пипл“, Торн-Смит (57) ги поднела документите без адвокат, наведувајќи „непомирливи разлики“ како причина за разводот.

Тие имаат син

Актерката побарала заедничко старателство над својот 17-годишен син, Џејкоб Емерсон.

Двојката се венчала на 1 јануари 2007 година, а според судските документи, тие живеат одвоено од септември 2021 година. Ова бил втор брак на Кортни Торн-Смит. Таа првпат била во брак со генетичарот Ендру Конрад од 2000 до 2001 година, со кого немала деца.

Нејзината кариера

Нејзината кариера започна во средината на 80-тите години, а таа се прослави со улогата на Алисон Паркер во серијата „Мелроуз Плејс“, каде што глумеше во 163 епизоди. Таа улога ѝ го донесе статусот на една од најпрепознатливите ТВ актерки од таа деценија.

После тоа, таа ја постигна значајната улога на Џорџи Јорк во серијата „Али МекБил“, каде што глумеше од 1997 до 2002 година. Нејзиниот лик беше спротивен на ексцентричната Али, што дополнително го истакна актерскиот опсег на Торн-Смит. Публиката ја памети и како Шерил од долгогодишната ситком серија „Како ќе каже Џим“, во која глумеше заедно со Џим Белуши од 2001 до 2009 година. Таа серија беше голем хит во американскиот ударен термин и се емитуваше цели осум сезони.

Покрај телевизијата, таа се појави во неколку филмови.

Покрај глумата, таа се занимаваше и со пишување - во 2007 година го објави романот „ Outside In “, лесна фикција за животот на една млада жена во Холивуд.

Извор: Индекс.хр

Милан бара од 15 до 18 милиони евра за Мората

Италијанскиот фудбалски гигант Милан одреди цена за својот напаѓач Алваро Мората, а заинтересираните клубови ќе мора да платат помеѓу 15 и 18 милиони евра за неговите услуги, објавија денеска италијанските медиуми.

Милан бара од 15 до 18 милиони евра за Мората

Милан ја одреди цената по шпекулациите дека Комо е заинтересиран за Мората.

Мората е на позајмица во турскиот шампион Галатасарај до јануари 2026 година.

Медиумите наведуваат дека Милан ќесе обиде да го ангажира Мојзе Кин од Фиорентина и оти откупната клаузула која ќе се активира на 1 јули изнесува 52 милиони евра.

Манчестер Јунајтед, исто така, е заинтересиран за напаѓачот на Фиорентина.

Изминатата сезона Кин ја заврши на второто место на листата на стрелци о 19 голови./МИА

Утре вонреден состанок на МААЕ поради нападите на САД врз иранските објекти

-Со оглед на сè посериозната ситуација во врска со нуклеарната безбедност, Одборот на гувернери ќе се состане на вонредна седница утре, на која ќе зборувам, рече Гроси.

Утре вонреден состанок на МААЕ поради нападите на САД врз иранските објекти

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Маријано Гроси, денеска објави дека ќе свика вонреден состанок на Одборот на гувернери на МААЕ утре во 10 часот во седиштето на агенцијата во ОН во Виена поради „вонредната ситуација“ во Иран „по најновите напади врз нуклеарните објекти“, се вели на веб-страницата на организацијата.

-Со оглед на сè посериозната ситуација во врска со нуклеарната безбедност, Одборот на гувернери ќе се состане на вонредна седница утре, на која ќе зборувам, рече Гроси.

Генералниот директор рече дека иранските регулаторни власти ја информирале МААЕ дека нема зголемување на нивоата на зрачење надвор од тие локации по неодамнешните напади врз три ирански нуклеарни објекти, вклучувајќи го и објектот за збогатување ураниум во Фордо.

-Не очекуваме никакви здравствени последици за луѓето или животната средина надвор од целните локации, рече тој. „Ќе продолжиме да ја следиме и проценуваме ситуацијата во Иран и ќе обезбедиме дополнителни информации штом ќе бидат достапни“, рече Гроси.

Според најновите информации потврдени од МААЕ пред почетокот на израелскиот напад врз Иран на 13 јуни, трите локации што беа цел на САД синоќа - вклучувајќи ги Исфахан и Натанц - содржеа нуклеарен материјал во форма на ураниум збогатен до различен степен, што може да предизвика радиоактивна и хемиска контаминација во објектите што беа погодени, соопшти МААЕ.

притисни ентер