Санкционирани 180 возачи во Скопје, 47 за брзо возење

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. 

На територија на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 47 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, соопшти МВР.

Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, 14 санкции за непрописно престигнување и обиколување, четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила... Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

БДП во првиот квартал со раст од 2,1 отсто

Бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2023 година забележа раст од 2.1 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје од 2023, поголем пораст е забележан во секторите - Градежништво од 12.7 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 10.6 %.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата,

во првото тримесечје, номинално расте за 14.8%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 69.0%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 13.7%, а увозот на стоки и на услуги забележа

намалување во номинален износ од 1.4%.

Бруто-инвестициите во првото тримесечје од 2023 година бележат намалување во делот на промената на залихите, покажуваат податоците на ДЗС.

Шаќири на средба со претседателот на СОНК

Шаќири на средба со претседателот на СОНК и претставници на Solidarity Center и Американската федерација на наставници.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска ќе оствари средба со претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков и со претставници на Solidarity Center, најголемата меѓународна организација за заштита и унапредување на работничките права со седиште во САД, како и претставници на Американската федерација на наставници.

Средбата ќе се одржи во просториите на Министерството за образование и наука.

притисни ентер