Каде исчезна грипот, карактеристичен за овој период од годината?

Корона вирусот ги потисна бројките на заболени од грип среде сезона. 

Последната статистика објавена од Институтот за јавно здравје вели дека заклучно со претходната недела се регистрирани 433 заболени од инфлуенца – дури 73,2 отсто помалку од истиот период лани. Минатата недела, од 11 до 17 јануари, во здравствениот извештај влегле 36 лица. Најголем дел од вкупниот број заболени, 190, се лица на возраст помеѓу 15 и 64 години.

Матичните доктори велат дека сезонава детската популација е невообичаено малку зафатена од грипот. Доктор Чолакова Дервишова објаснува дека ова се должи на неработењето на игротеките и ограничувањата на групирања кои се само во рамки на потесното семејство.

Сепак, за Дервишова најмногу влијание има сличната симптоматологија на Sars-Cov-2 вирусот и инфлуенцата и тоа докторите ќе ја регистрираат. Вели, самата корона спаѓа во вируси кои предизвикуваат грипозни состојби.

„Сите беа насочени кон шифрирање корона, тонзилофорингит, бронхит, така да и заради тоа шифрата Ј11 беше многу слабо користена и се се води во тоа шифрирање. Дел од овие лица кои што беа со многу лесни симптоми прашање е дали не беа навистина и со лесна грипозна состојба бидејќи, повторно ќе наведам, по сите литератури кои што ги имаме читано, PCR-от не е специфичен. Се зависи колку амплификации или колку умножувања ќе направите на тој тест.“вели Лилија Чолакова Дервишова.

Освен превентивната тројка маска – дезинфекција – дистанца која е столбот на сигурно здравје изминатава неполна година, докторите препорачуваат да не се изостануваат ниту витамините и топлите напитоци за засилување на имунитетот.

„Витаминот Ц е задолжителен за поткренување на имунитетот и колагенот да има поголема отпорност – 1 грам за возрасни, половина грам за деца. Цинкот исто така влијае на имунитетот и колекал циферолот е исто така за добра епителизација ако веќе во ткивото има некое заболување. Тоа е отприлика, топли напитоци, чаеви, супи, да се облекуваме соодветно.“вели Лилија Чолакова Дервишова.

На 10 ноември лани стартуваше вакцинацијата за сезонски грип во јавните здравствени установи ширум земјава. Досега вкупно се вакцинирале 48.406 лица – од кои 37.870 се од ризичните групи: пензионери, хронично болни, бремени жени, здравствен кадар и деца од 6 месеци до 4 годишна возраст.

Фото: Иванишевиќ и Селеш како деца

Легендарниот екс југословенски тенисер Горан Иванишевиќ, сега тренер на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ на социјалните мрежи објави фотографија стара повеќе од 30 години.

Старата фотографија ги разбудила спомените на Горан од времето на поранешна Југославија.

На носталгичната фотка тинејџерот Горан Иванишевиќ се ракува со едно насмеано девојче, за оние кој не ја препознаваат, тоа е некогашната најдобра светска тенисерка славната Моника Селеш.

-Добри стари времиња со една од најдобрите на сите времиња, Моника Селеш. Мислам дека немавме поим што ќе постигнеме во годините кои доаѓаа, напишал Иванишевиќ во описот на сликата.

Моника и Горан подоцна го достигнаа светскиот врв. Иванишевиќ го оствари сонот со освојување на Вимблдон, а Моника Селеш владеше со светскиот тенис со до трагичното ранување во Хамбург во 1993 година од луд навивач на ривалката Штефи Графт.

Селеш во кариерата освои девет Грен слем титули.

Фото: Карлеуша во ленти

Српската пејачка Јелена Карлеуша повторно се разголе на социјалните мрежи.

Популарната Карли уште еднаш ги воодушеви своите фанови со бујните облини покриени со минијатурни врвки.

Јелена нема проблем да позира во костим за капење или во долна облека, но со последниот избор на гардероба ги изненади сите. Карлеуша одлучила да се фотографира во минијатурен градник и уште помали гаќички врзани со ленти.

Во оваа прилика може да се каже дека Карлеуша покажа скоро се. Нејзините фанови за „храброста“ ја наградија со рекорден број од 70 илјади лајкови.

Флик на излезната врата на Баерн Минхен

 По само две години работа и освоени титули меѓу кои и во Лигата на шампионите, Ханси Флик си заминува од германскиот гигант  Баерн Минхен на крајот на сезоната.

Иако се споменува дека ќе стане селектор на Германија, тоа не е причината за заминувањето туку конфликтот со директорот на баварците Хасан Салихамиџиќ.

Германските медиуми остро коментираат дека откако Салхимаиџиќ е дојден на функцијата, Баерн кој беше познат по сигурноста за тренерите и работата на долги патеки, сега го смени курсот и пребрзо ги менува шефовите и тоа со добро завршена работа.

Се тврди дека од истите причини Баерн предвреме ги набрка Нико Ковач и Карло Анчелоти.

Критиките одат до таму што на Баерн јавно му се упатува прашање...дали е можно секогаш да се виновни тренерите, а директорите да се во право?

притисни ентер