Извлечен автомобилот од Вардар кај „Систина“, во него немало луѓе

Љубопитни граѓани, полиција, пожарникари и нуркачи, кои се обидуваат да го лоцираат потонат автомобил во валканиот Вардар.

Ова беше сликата од несекојдневиот настан, што претпладнето се случуваше во Вардар во скопски Карпош. Иако навидум операцијата изгледаше комплексна, ангажираните екипи лесно ја завршија работата. Од водата излезе сино Фолксфаген Поло. 

Среќа во несреќа е што во возилото, сопственост на приватна фирма, немало патници. Владимир Симоновски од скопската против пожарна служба вели дека ова им бил еден од потешките интервенции од ваков вид, бидејќи автомобилот беше целосно потонат, а реката во тој дел значително побрза.

Претставуваше проблем малку што се отежна работата, затоа што беше возилото премногу потонато во водата, воопшто не се гледаше и беше проблем да се врзе, но дел од екипите на мвр односно за специјални задачи, нуркачите успеаја да го врзат, за потоа ние да го извлечеме.

Како полото завршило водата се уште е предмет на анализа. Се претпоставува дека тоа било небезбедно паркирано над кејот, а од МВР не исклучуваат и можност автомобилот претходно да бил мета на грабеж. Случајот го пријавил слуачаен минувач во 8 часот утрината.

-На лице место излегле екипи од ПС Карпош и Единицата за специјални задачи, а возилото кое во сопственост на фирма од Скопје, во 11:10 било извадено од реката. Се работи на расчистување на случајот.- МВР.

Слично искуство пред три години имаше и актерката Весна Петрушевска, кога нејзиниот автомобил заврши во Вардар во центарот на Скопје.  

притисни ентер