„Илинден“: Во Албанија нема Бугари, туку само Македонци

Македонците во Албанија се гневни на настојувањето на бугарските европратеници Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски преку Резолуцијата на Европскиот парламент за Албанија да „докажат“ дека македонското малцинство во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора е всушност бугарско.

Ова стои во вечерашната реакција на Македонско друштво „Илинден”-Тирана и неговиот огранок за Голо Брдо, во која најостро го осудува Извештајот за напредокот на Албанија за членство во Европската унија во Европскиот парламент, во кој, како што велат, стои груб фалсификат и огромна невистина, која ги задира чувствата на Македонците.

- Македонско друштво „Илинден”-Тирана и огранокот за Голо Брдо гласно и јасно повторува дека нема Бугари во регионите Преспа, Голо Брдо и Гора и во цела Албанија. Во исто време потсетуваме дека на целата територија на Република Албанија, и посебно во регионите Преспа, Голо Брдо и Гора не живеат Бугари, туку само Македонци. Од албанската и од македонската влада бараме остар демарш до Брисел и Софија за нотификацијата на лажна бугарска историја во европските службени документи и за преименувањето на Македонците во Албанија за Бугари, се вели во реакцијата на дрштвото.

Извештајот за напредокот на Албанија за членство во Европската унија, се посочува, усвоен од Европскиот парламент во делот за Македонците како Бугари, Македонците го сметаат за груба повреда на меѓународното право, Универзалната декларација за човековите права и слободи и Повелбата на Обединетите нации, како и за геноцид врз македонскиот народ во Албанија.

- Апелираме до Брисел за активни мерки против денационализаторската политика што веќе неколку години организирано ја води Софија со незаконско издавање на бугарски државјанства на Македонците во Албанија, се нагласува во ракцијата од Македонско друштво „Илинден”-Тирана и неговиот огранок за Голо Брдо. /МИА



Ужас во Колумбија: Фудбалер е погоден со нож во глава на дерби натпревар (ВИДЕО)

Потресна сцена е видена на едно од најголемите дерби натпревари во Јужна Америка, дербито во Меделин помеѓу Атлетико Национал и Индепендиенте, каде навивач фрли нож врз играч на Атлетико.

Ова дерби се рангира како едно од најголемите во Јужна Америка, но и во светот, а особено е интересно поради историјата и влијанието на наркокартелите, но и најголемиот нарко бос на сите времиња, Пабло Ескобар, кој своевремено управуваше еден од овие два клуба - Атлетико Национал.

Дека во Колумбија не е безбедно ниту на фудбалски терен, можевме да видиме на овој натпревар, каде што беше забележана шокантна сцена.

Во самиот финиш на натпреварот, кој на крајот заврши со резултат 2:2, кога играчот на Атлетико, Пабло Чепелини се подготвуваше да изведе корнер, од трибините кон него полета нож и го удри во глава. Веднаш се наведна со болна гримаса на лицето, а до него беше судијката, која ножот за среќа ја промаши, откако се одби од Чапелини.

Интересно, Чепелини реши веднаш да стане и да го продолжи мечот, како ништо да не се случило, само за натпреварот да дојде до крајот, иако го имаше секое право на светот да остане на земја и да побара од судијата да го прекине натпреварот , што ќе му дадеше на неговиот тим три бода.

Американска сенаторка е уапсена под сомнение дека извршила кражба во куќа (ВИДЕО)

Сенаторката на американската сојузна држава Минесота,  Никол Мичел (49) од градот Вудбери е уапсена под сомнение за кражба, соопшти полицијата на округот Детроит Лејкс.

Диспечерите примиле повик околу 4:45 часот во понеделникот од сопственикот на куќата, кој пријавил „провална кражба во тек“, а полицијата пристигнала на местото и ја уапсила Мичел, пренесува ABC News.

Не е познато дали Мичел имала задржано адвокат, а таа е уапсена додека Сенатот е на одмор до вторник поради празникот Пасха.

Според ABC News, нејзиното апсење дојде во незгодно време за демократите во Сенатот, кои имаат предност од еден сенатор во однос на републиканците, така што нејзиното отсуство може да биде проблем во донесувањето на законите доколку недостига поддршка од двете партии.

Пред да биде избрана за сенатор во 2022 година, Мичел работела како метеоролог за Армијата на САД, како и за ТВ КСТП и Јавното радио на Минесота.

Таа сè уште има чин потполковник во Воздухопловната национална гарда и е командант на метеоролошката единица.

Маќеата на Мичел живее на истиот блок куќи во Детроит Лејкс, каде што била уапсена сенаторката, според ABC News.

Агелер: Ништо нема да се постигне со негласање

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија Анџела Агелер на официјалниот фејсбук профил на Амбасадата упати порака до граѓаните да излезат на гласање и да гласаат за кандидат кој ги одразува нивните очекувања за иднината.

-Граѓаните и гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа тие гласачи... мора да гласаат. Тие мора да излезат таму и да го изберат кандидатот што ги одразува нивните соништа за иднината, и ништо нема да се постигне со негласање, стои во пораката на aмбасадорката Агелер.

Во земјава утре ќе се одржи првиот круг од Претседателските избори, на кои во трката за Вила Водно се седум кандидати. Вториот круг заедно со Парламентарните избори ќе се одржи на 8 мај.

притисни ентер