Холандскиот парламент даде зелено светло за земјава за почеток на преговори со ЕУ

По многу дилеми и дебати доцна синоќа комисијата за европски прашања на Холандскиот парламент одлучи да даде „зелено светло“ Македонија да ги почне пред пристапните преговори со Европската  Унија. 

Холандија ги поздравува напредокот и реформите во земјава со акцент на Преспанскиот договор, задоволни се што се спасени предметите на СЈО, но очекуваат и набрзо да се донесе законот за обвинителство. Холандија исто така е на став дека Македонија и Албанија треба да се одвојат и при носењето на заклучоците двете земји да се оценуваат одделно. Холандија потврдува дека официјална Тирана, за разлика од Македонија не е подготвена да ги почне преговорите со ЕУ.

Ова директно го кажа министерот за надворешни работи Штеф Блок, кој за време на расправата во парламентот кажа дека влада смета дека не треба да се отворат преговори за пристапување на Албанија, но не образложи дали ова и дефинитивно значи вето за Тирана. По одлуката на комисија со официјално соопштение испратија и од тамошното МНР.

„Земјите кандидатки мора да ги исполнат строгите критериуми пред да се направи следниот чекор во процесот на интеграција. Во јуни 2018, советот постави неколку критериуми да бидат исполнети од северна Македонија пред да бидат отворени преговорите. направениот напредок е охрабрувачки, -Холандско МНР.

Можеби единственото отворено прашање во овој момент е ставот на Франција, а најавите се дека претседателот Макрон најверојатно одлуката ќе ја донесе за време на собирот на европските лидери, а тоа го потврдува и францускиот амбасадор во земјава.

Во меѓувреме алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис стравува дека ако Албанија не добие датум за преговори, односно двете земји бидат раздвоени, тоа можела да ја дестабилизира грчката северна граница, односно онаа со Македонија. Со други зборови тој се плаши дека можен е конфликт во земјава ако Тирана не добие датум за ЕУ.

Бидејќи албанскиот елемент е присутен во целиот регион, разделувањето и почетокот на пристапни преговори со само една земја кандидат, може, наместо да ја продлабочи стабилноста, да предизвика одново појавување на дестабилизација на нашата северна граница. Затоа нашата земја смета дека треба истовремено да се донесе одлука за почеток на пристапни преговори за двете земји, – Варвициотис.

Следната недела е клучна за евро интеграциите на земјава. Дефинитивната одлука дали ќе се отворат преговори ќе биде донесена за време на Самитот на ЕУ во Брисел.

Русковска: Истрагата за Драги Рашковски во завршна фаза

Истрагата за поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски е во завршна фаза, вели шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска во интервју за Радио слободна Европа.

– Истрагата е во завршна фаза. Го добивме материјално-финансиското вештачење. Се чека уште едно вештачење, треба до следната недела да стигне и тоа и ќе се викаат осомничените да дадат своја одбрана, доколку сакаат, посочува Русковска во интервјуто.

Потврди дека се истражува како може Рашковски да си дозволи гаранција од околу 500 илјади евра за замена на мерката притвор во домашен притвор, а во истрагата влегува и прашањето од каде му парите на Рашковски за хациенда во Побожје.

Русковска вели дека и случајот „Империја" е во завршна фаза, а најавува и дека по истекот на мандатот нема да се кандидира повторно за прв човек на Обвинителството.

Во врска со истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово, на прашањето дали се повикани сведоци на распит, Русковска вели дека тие не можат да повикаат сведоци, бидејќи не ја водат истрагата.

– Наш дел е само во јавната набавка, да се разгледа документацијата, да се анализира и потоа да се одлучи што понатаму. Ако има некоја одговорност, односно во делот ако е повреден Законот за јавни набавки или во делот, бидејќи посебен закон е донесен за набавка на овие модуларни болници или во тој дел ако е повреден тогаш ќе одлучиме кого ќе распитаме и кого ќе викнеме. Сето останато е во делот што го води Основното обвинителство во Тетово, вели таа.

Во однос на тоа доколку се утврди дека потписот на министерот за здравство Венко Филипче не фигурира, односно дека набавката одела преку Министерството за труд и социјална политика дали тогаш Филипче не би бил предмет на истрагата, Русковска вели да не се навлегува во шпекулации.

– Прво треба да ја видиме документацијата па евентуално ако сметаме дека нешто во делот на набавките не е во ред ќе се одлучува кој и дали ќе биде повикан, дали како сведок, дали како лице од кое се бараат потребни известувања затоа што тоа се ќе биде во предистражна постапка, истакна Русковска во интервјуто.

Македонска компанија победи на „Global Fundraising Stage Miami 2021"

Македонскиот стартап „Creative Hub", кој во 2019 година се најде на листата на најупешните на Форбс „30 под 30", вчера победи на Глобалниот Инвестициски настан Мајами 2021.

Од „Creative Hub" информираат дека ова е прва победа на македонска компанија која на настанот беше презентирана од основачот Аријана Коскарова на инвестициски самит во САД. Настанот, кој поради пандемијата се одржа виртуелно, е организиран од Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели (WBAF) и Институтот за „Data Science" од Мајами.

„Creative Hub" беше единствен стартап од Европа, а целта беше токму привлекување на инвестиции за развој на бизнисот и отворање на нов пазар во САД.

– Првпат после четири години од отворање на бизнисот повторно застанав на сцена во улога на стартап. Со оглед на фактот што останатите компании беа од областа на канабис, medtech, fintech и воедно беа американски старапи не мислев дека имаме шанса. Но нашата презентација му се се допадна на жирито и токму проблемот кој го решаваме, а тоа е потребата од нови вештини кои ги налага растот на технологијата. Во САД до 2030 година ќе има недостаток од 85 милиони работници од областите на кои се нашите Академии. Тоа заедно со нашиот бизнис модел и реалните податоци кои ги презентиравме ни ја донесоа победата. Оваа победа е само почеток на успех на нашата компанија надвор од границите на нашата земја, рече Аријана Коскарова, основач на „Creative Hub".

Глобалната Инвестициска Сцена (GFRS) е интернационална ко-инвестициска платформа за инвеститори, стартапи и бизниси со голем потенцијал за раст кој има за цел да им отвори можност за глобализација на бизнисите преку собирање на инвестици од верификувани инвеститори.

Одѕивот во Москва над 34 проценти на изборите за руската Дума

Одѕивот на гласачите на изборите за Руската државна дума во Москва надмина 34% синоќа во 20 часот по московско време, вклучително и гласањето преку Интернет, изјави претседателот на градската изборна комисија во Москва, Јуриј Ермолов.

„До 20 часот по московско време, на 18 септември, гласаа повеќе од милион луѓе, а вкупната излезност во Москва е 34,42 проценти“, рече тој.

Изборите за долниот дом на рускиот парламент продолжуваат денеска, 19 септември. Изборниот процес трае три дена и започна во петок, 17 септември.

притисни ентер