Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека денеска ќе објави нови царини од 25 отсто за целиот увоз на челик и алуминиум во САД.
Министерството за индустрија на Јужна Кореја потврди дека се обидува да ги дознае деталите за потенцијалните царини и најави дека тесно ќе соработува со производителите на челик за активно да одговори на потенцијалното воведување царини.
Јужнокорејските челични компании доставуваат челик во погоните на автомобилскиот гигант „Хјундаи Мотор“ и неговата подружница „Киа“. Тие, исто така, обезбедуваат набавки за фабриките во САД и Мексико на голем број производители на електроника за широка потрошувачка, вклучително и јужнокорејските корпорации „Самсунг Електроникс“ и „ЛГ Електроникс“, посочија корпоративните претставници.