„Голи оток" во Кавадарци без вода до 15 часот

Поради дефект на главна линија од висока зона, денеска  без вода за пиење до 15 часот ќе останат жителите од Брушанско маало и населбата „Голи оток" во Кавадарци.

За ова информираа од кавадаречкото јавно претпријатие „Комуналец", замолувајќи ги корисниците на вода за пиење за разбирање и трпение.

По 27 години е решено убиството на девојче во Германија

Убиството на 13-годишно девојче го потресе селото Висенфелд во северозападна Баварија во 1993 година. Имало и осомничени, но сторителот не бил фатен. До сега.

Девојчето Сабине Б. не се вратило дома на 15 декември 1993 година. Два дена подоцна, таа била пронајдена мртва во ѓубриво на блиската фарма за коњи, што била затворена со тешка бетонска плоча.

Откриено е дека била убиена на крајно брутален начин. Истражителите откриле траги на насилство на вратот и главата, а устата и била полна со слама.

Во тоа време имало тројца осомничени - 17-годишник од околината, 29-годишник од Визенфелд и 15-годишник, исто така од Визенфелд.

Овој најмладиот бил најсомнителен, неговите сведоштва биле полни со контрадикторни тврдења. Тој бил уапсен трипати и секој пат пуштен на слобода. Бил уапсен и за друго убиство во јуни 1994 година, но исто така е ослободен. Подоцна починал во сообраќајна несреќа. Случајот потоа полека се „оладил“.

Во меѓувреме, ДНК анализата станала понапредна. Полицијата открила нови траги што водат до еден од тројцата оригинални осомничени - еден млад човек од округот Мајн-Спесарт.

Врз основа на потерница распишана од истражен судија, полицијата го уапсила 44-годишникот, соопшти вчера јавното обвинителство. Станува збор за Торстен Е., кој имал 17 години за време на злосторството. Кој бил мотивот за убиството сè уште не е познато, пишува Зидојче цајтунг.

Маск нуди 100 милиони долари за изум за зафаќање јаглерод од воздухот

Сопственикот на Тесла Моторс, претприемачот Илон Маск, на Твитер вети награда од 100 милиони долари за развој на најдобрата технологија за зафаќање јаглерод.

„Давам награда од 100 милиони долари за најдобра технологија за зафаќање јаглерод“, напиша Маск, проследен со втор твит, ветувајќи повеќе детали следната недела.

Ко-основачот на PayPal, што го продаде, Маск денеска управува со некои од најфутуристичките компании на светот. Покрај Тесла, тој е сопственик и на SpaceX и Neuralink, старт-ап компанија која го поврзува човечкиот мозок со компјутерите.

Зафаќањето на емисиите од глобалното затоплување станува критичен дел од многу планови за борба против климатските промени, но до денеска е направен многу мал напредок во технологијата, со напори насочени кон намалување на емисиите наместо отстранување на јаглеродот од воздухот.

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) кон крајот на минатата година соопшти дека е потребно нагло зголемување на употребата на технологијата за зафаќање јаглерод, доколку земјите сакаат да постигнат цели за нето-емисиите.

Американскиот претседател Џо Бајден вети дека ќе го забрза развојот на технологијата за зафаќање јаглерод како дел од неговиот сеопфатен план за борба против климатските промени.

Постигнат напредок на средбата на македонско-бугарската Комисија за историски прашања

Во периодот до наредната редовна средба, која начелно е договорена да се одржи на 25 и 26 февруари, ќе се продолжи со работа во однос на останатите прашања од записникот од десеттата и за записникот од последната, единаесеттата средба на Комисијата.

На денешната средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија, на која се дискутираше за усогласување на содржината во записниците од деветтата и десеттата средба беше постигнат напредок, соопштија за МИА извори од Комисијата.

– Двете страни ја усогласија содржината на Записникот од деветтата средба, а во однос на десеттата средба беа надминати неколку прашања поврзани со содржината на записникот, посочија истите извори.

Во периодот до наредната редовна средба, која начелно е договорена да се одржи на 25 и 26 февруари, ќе се продолжи со работа во однос на останатите прашања од записникот од десеттата и за записникот од последната, единаесеттата средба на Комисијата.

Како што претходно јави МИА, на денешниот онлајн состанок, на кој учествуваа по тројца претставници од двете страни, беше предвидено да се разговара само за текстовите на записниците што сè уште не се потпишани, но не и за некакви историски прашања.

Во 2021 година се очекува Комисијата да има пет состаноци. Претходниот, 11-ти состанок на Заедничката комисија се одржа на 4 декември минатата година./МИА

притисни ентер