„Голема роденденска прослава на Прилепска Пиварница во Прилеп“

На 13 јули, сабота, со почеток од 20 часот, во срцето на Прилеп, на централниот градски плоштад, ќе се одржи голем целовечерен настан за одбележувањето еден век од постоењето на Прилепска Пиварница.

Прославата ќе биде исполнета со добра музика и забава за сите, а ќе настапат реномираните артисти Марија Шерифовиќ, „ДНК“ и „Тропико бенд“, кои ќе се погрижат да приредат незаборавна вечер што долго ќе се прераскажува. За уште поголемо уживање, за времетраењето на настанот, пијалаците на Прилепска Пиварница на настанот и во угостителските објекти во Прилеп ќе се продаваат по промотивна цена.

Заради безбедна реализација на прославата на 100-годишнината, Прилепска Пиварница известува дека во Прилеп ќе биде воведен времен режим на сообраќај со кој ќе биде затворен дел од булеварот „Гоце Делчев“, и тоа на потегот од крстосницата со ул. „Кузман Јосифоски“ до крстосницата со ул. „Прилепски Бранители“ во периодот од 12 часот на 12.7.2024 до 12 часот на 14.7.2024, а сообраќајот ќе се пренасочува кон околната улична мрежа. За максимално уживање на забавата, Прилепска Пиварница праќа апел до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, а возилата да се паркираат на безбедни и означени места, следејќи ги упатствата на службите за паркирање и насоките на полициските службеници и редари.

Уживајте на прославата и консумирајте одговорно. Не пропуштајте ја можноста да бидете дел од историјата и да прославите 100 години успешност заедно со нас.

Нетанјаху се обрати во Американскиот конгрес: нашата борба е и ваша борба

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одржа жесток говор во Американскиот конгрес во кој апелираше САД и Израел да застанат рамо до рамо за да се спротивстават на Иран.

Нетанјаху доби овации кога излезе на говорницата за да се обрати на заедничката седница на конгресот, а пратениците постојано стануваа за да му аплаудираат во текот на речиси едночасовниот говор. Тој ги опиша САД и Израел дека се на „раскрсницата на историјата“ и оти во ова време на глобален „пресврт“ си требаат еден на друг повеќе од кога било. - нашите непријатели се ваши непријатели. Нашата борба е и ваша борба. И нашата победа ќе биде ваша победа, рече израелскиот премиер.

Највисоките хрватски функционери си ги зголемија платите за 83%

Хрватската влада денеска ја усвои одлуката за зголемување на платите на највисоките државни функционери.

Со оваа одлука, месечните примања на претседателот Зоран Милановиќ, премиерот Андреј Пленковиќ и на претседателот на парламентот Гордан Јандроковиќ од август ќе пораснат за 2.500 евра..

Основицата на платата на околу 270 функционери ќе се зголеми за 83,45 посто, па место досегашните 516 евра бруто, ќе изнесува 947 евра.

Според новите пресметки, Пленковиќ ќе има плата од 5.535 евра, а Милановиќ од 6.074 евра.

Соработка -Министерството за локална самоуправа- Министерството за дигитална трансформација

Министерството за локална самоуправа во соработка со Министерството за дигитална трансформација и со општините ги интензивира активностите за дигитализација на локалните услуги

Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска имаше состанок со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на кој се разговараше за конкретните чекори за дигитализација на општините, со вклученост и на донаторската заедница.

На состанокот беа презентирани можностите за вклучување на сите општини во процесот на дигитализација со цел и помалите општини да можат да го фатат чекорот со поддршка од надлежните министерства. Притоа беше констатирано дека основите се веќе поставени со воспоставената електронска платформа од страна на УНДП и на Министерството за локална самоуправа, а ќе се направат напори за вклучување на услугите на националниот портал за услуги воден од Министерството за дигитална трансформација.

Претставниците од УНДП истакнаа дека изразената подготвеност од страна на надлежните министерства да се интензивираат работите дава можност целиот процес на дигитализација на локално ниво да се заокружи многу побрзо од планираната динамика.

Министерот за локална самоуправа Златко Перински истакна дека Министерството за локална самоуправа ќе го води овој процес и очекува поддршка од сите вклучени страни, а општините нема да бидат оставени сами.

-Ќе работиме на обезбедување на сите технички услови и на зајакнување на административните капацитети на локално ниво, а помалите општини ќе бидат вклучени без исклучок, со воспоставување на меѓуопштинска соработка со поголемите и покапацитетни општини, рече министерот Перински. Перински нагласи дека целиот процес ќе се води системски за што веднаш ќе се ревидираат планираните активности во нацрт Акцискиот план за спроведување на Програмата за одржлив локален развој и децентрализација и по неговото усвојување од страна на Владата целиот процес ќе биде предвидлив со точно утврдена временска рамка за реализација на сите конкретни чекори.

притисни ентер