„Голден Карпет”

„G Cаrpet“ една од  најгледаните забавни емисии на Вашата омилена телевизија, Канал 5.

Во „G Cаrpet“ ви ветуваме многу забава, смеење и ексклузивни приказни.

Цел Балкан на едно место! Ќе гостуваат најпопуларните пејачи, спортисти, водители и политичари, кои ќе бидат ставени пред најразлични предизвици и во деликатни ситуации од кои нема бегање...

Ќе патуваме, ќе се дружиме и забавуваме, затоа не пропуштајте ниту една емисија од „G Carpet“ .

Секоја недела во 19:30

Видео: 61-годишната Деми Мур гола на филм

Холивудската убавица Деми Мур и на 61- годишна возраст немала проблем да се соблече гола за потребите на новиот филм.

Ѕвездата на „Стриптиз“ Деми Мур се соблече во филмот „The Substance“.

Деми Мур е ѕвездата на филмот „The Substance“ во кој целосно се соблече. Филмот беше премиерно прикажан во Кан, а актерката проговори за новото искуство во снимањето.

- Тоа беше многу ранливо искуство и бараше многу чувствителност и многу разговор за тоа што се обидувавме да постигнеме - коментира Деми Мур, која во филмот глуми позната дама во пад.

Улогата на зависничка која користи дрога е приказна за самоприфаќање.

Споредувајќи го своето тело со новата верзија на себе, Мур го доживеала

снимањето како емотивно искуство кое нема да биде толку добро доколку не се поврзеше толку добро со актерката Маргарет Квали.

- Имав некој кој беше одличен партнер со кој се чувствував многу безбедно. Очигледно бевме прилично блиски и голи и исто така многу се разбравме во тие моменти за тоа колку беа апсурдни тие одредени ситуации. „На крајот на краиштата, се работи само за навистина канализирање на вашата комуникација и меѓусебна доверба“, рече Мур.

Саутемптон се врати во Премиер лигата

 Саутемптон се врати во Премиер лигата, совладувајќи го попладнево Лидс Јунајтед со 1-0 на Вембли во Лондон во финалето од плеј-офот во Чемпионшип лигата.

Фудбалерите на Саутемптон се враќаат во англиската фудбалска елита по само една година откако испаднаа од Премиер лигата.

Адам Армстронг го постигна победничкиот гол за Саутемптон во 24. минута, а Лидс се доближи до израмнување во 94. минута кога Даниел Џејмс ја погоди стативата.

Саутемптон следната сезона ќе им се приклучи на Лестер Сити и Ипсвич Таун во Премиер лигата.

Видео: Аеродром со најголемиот затворен водопад во светот!

Сингапурскиот „Скапоцен камен“ од 10 ката ги остава туристите без здив!!

Во срцето на Сингапур се наоѓа вистинскиот „дијамант“меѓу светските аеродроми – аеродромот Чанги.

Овој аеродром не е само порта кон другите делови на светот, туку и независно искуство кое остава неизбришлива трага во меморијата на патниците од целиот свет.

Аеродромот преставува беспрекорна комбинација на луксуз, иновација и природа, која ги остава сите без здив.

Четирите терминали на аеродромот и неговата централна атракција, „Jewel Changi“, формираат комплекс кој ги комбинира уметноста, архитектурата и природата во една импресивна структура.

Терминалите на аеродромот Чанги нудат широк спектар на услуги и капацитети за патниците. Од луксузни бутици и светски познати брендови во трговски центри до широк избор на ресторани кои нудат разновидна гастрономска понуда, патниците можат да уживаат во различни искуства додека го чекаат својот лет. Терминалите се опремени и со бројни салони, објекти за забава и области за релаксација, обезбедувајќи им на патниците удобност и забава додека чекаат. Неговата репутација како еден од најдобрите аеродроми во светот дополнително ги привлекува патниците кои бараат врвно патувачко искуство.

Десеткатниот комплекс „Jewel Changi“, е поврзан со терминалите 1, 2 и 3, и го претставува врвот на понудата на аеродромот. Овде има бројни атракции, вклучувајќи импресивна градина со висечки градини, спектакуларна фонтана за вода, кино на отворено и мноштво продавници и ресторани. Неговата локација на раскрсницата на воздушните линии меѓу Азија, Европа, Австралија и Америка го прави аеродромот Чанги идеална точка за поврзување и патување низ светот.

За сите патници на аеродромот посебно импресивен е водопадот „The Rain Vortex“.

Спектакуларниот водопад наречен „The Rain Vortex“, највисокиот затворен водопад во светот. Овој водопад на „Jewel Changi“, е централната атракција на аеродромот Чанги во Сингапур.

Со висина од 40 метри, овој импресивен водопад создава спектакуларна глетка додека водата тече низ стаклената купола на аеродромот. Во вечерните часови, водопадот станува уште повпечатлив кога е осветлен со разнобојно LED осветлување, создавајќи магична атмосфера за патниците и посетителите.

Инаку, иако аеродромот Чанги во Сингапур постои повеќе од 40 години, тој го доби својот модерен изглед во последните неколку години.

притисни ентер