Потребни се конкретни чекори од целото општество, но и од сите политички чинители за заедничка борба против корупцијата – ова е во главно пораката од тркалезната маса во Владата посветена на извештајот од ЕК за земјава. Евроамбасдорот Гир упати порака деа Брисел до сега инвестриал и ќе продолжи да инвестира многу, но од Македонија се очекуваат конкретни резултати. Земјава како што кажа тој, ќе биде следена за време на целиот процес на преговори за членство, од почеток до крај, а Македонија е на крстопат и мора да одлучи дали решително ќе продолжи по евроинтегративниот пат.
Вицепремиерот Маричиќ пак откри дека во досегашниот скрининг процес со Унијата, за земјава биле дадени повеќе директни и индиректни забелешки. Конкретно како што кажа тој, најголемо внимание било посветено на воспоставување функционални механизми за борба против корупцијата.
Корупцијата е закана за функционирањето на системот, владеењето на правото, за буџетот, за економскиот развој, за животниот стандард на граѓаните,оцени Во објава на Фејсбук, премиерот Ковачевски И порача дека спречувањето и сузбивањето на корупција е високо на владината агенда. Немаме повеќе време за изговори, а граѓаните нема да ни простат уште еден лош извештај за борба против корупцијата – порача вицепремиерката за добри политики Грковска.
Загриженост поради состојбата со корупцијата во земјава изрази и британскиот амбасадор Метју Лосон, кој преку социјалните мрежи порача и дека Македонија може да смета на поддршка од ОК во справувањето со корупцијата.