„Гересхајмер" го означи почетокот на изградба на новата фабрика во Бунарџик, ќе вработи 400 луѓе

Германската компанија „Гересхајмер" денеска во Технолошко индустриската развојна зона Бунарџик го означи почетокот на изградба на новата фабрика за медицинска пластика.

„Гересхајмер“ почна со изградба на свој погон во Бунарџик. Германскиот инвеститор кој произведува медицинска опрема, во фабриката овде ќе вработи 400 лица. Со производство се очекува да започне во втората половина на следната година. Земјава е избрана во конкуренција со повеќе земји од регионот. Плановите на инвеститорот се да го шири бизнисот овде и да вработува висококвалификуван кадар.

„Една од причините поради која се одлучивме да инвестираме овде е бидејќи овде има услови и потенцијал за да ги постигнеме нашите цели. Гледаме пристап до вештините на луѓето кои ни се потребни. Ќе вработиме висококвалификуван кадар.“

Се одлучивме да инвестираме во Скопје бидејќи веруваме дека имаме пристап до луѓе со вистински вештини – техничари, инженери, се надевам дека на крајот на годината или на почетокот на следната ќе ги видиме и првите машини овде, дека оттука ќе излезат добри производи со висок квалитет што на крајот ќе бидат испорачани до крајните корисници,

Инвеститори како „Гересхајмер“ го креваат имиџот на нашата земја и носат повисоки плати истакна премиерот Заев, според кого оваа инвестиција е доказ дека владините економски политики даваат резултат.

Германските инвестиции овде помагаат да се задржат младите во земјава, истакна германскиот амбасадор Герберих, кој меѓудругото за одлуката на Советот на ЕУ кажа дека била неправедна.

„Северна Македонија е дел од Европа и не заслужува ништо помалку од полноправно членство во ЕУ. Германија ќе продолжи да дава поддршка како што тоа секогаш сме го правеле. Ве молам продолжете со овие реформи и убедете го секој оној што може да има какви било дилеми во однос на вашиот пат кон ЕУ.“

Фабриката се протега на 12 500 метри квадратни. Ова е прва инвестиција на германската компанија во Југоисточна Европа. Гересхајмер има 50 фабрики во 13 држави, вкупен промет од 1,3 милијарди евра, а вработува околу 10 илјади лица.

Сообраќајот тековно и без застои

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим. 

Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.

Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње

 Два пожара на отворен простор се регистриранио во последното деноноќие, соопшти ЦУК. 

Гореле диви депонии во атар на с.Церово, Општина Желино и над расторанот „Дарданија“ кај с.Боговиње.

Интервенирале пожаникари од Тетово и ренеџер од Наионалниот парк „Шар Планина“. Според последните информции, пожарите се локализирани.

ЦУК апелира за внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

притисни ентер