„Францускиот предлог“ пред пратениците во бугарското Собранието

Дебатата за францускиот предлог во Бугарија конечно доби некаков тек..  Документот попладнево е пред Комисијата за надворешна политика, кој е првиот филтер за негово одобрување..  

Додека Македонија и официјално го одби францускиот предлог како неприфатлив, комисијата за надворешна политика во бугарското Собрание заседаваше за него. Помеѓу меѓусебните обвинувања и напади за национално предавство, шефицата на бугарската дипломатија во оставка Теодора Генчовска со порака дека не може да излезе со став за предлогот, бидејќи како што кажа, имало малку информации за предлогот.

„Ние располагаме со многу малку време за да донесеме едно исклучително важно решение. Знам дека има проекти кои се внесени за решение во Народното Собрание за да може тој процес да се придвижи напред. Ние, не сме запознаени официјално, бидејќи тие проекти не ни се испратени. Можеме да дадеме чисто експертско мислење.

Позицијата на официјална Софија за земјава сепак, пред самитот на ЕУ ја кажа бугарскиот премиер Петков, кој истакна дека нема ниту хипотетичка можност за нешто да се промени до крајот на самитот. Петков повтори дека одлуката треба да е во рацете на народното собрание и кажа дека според него францускиот предлог е најдобриот кој Бугарија до сега го добила, а упати и остри критики кон опозицијата, но и кон Претседателот Радев кого го нарече кукавица.

„Има ли хипотетичка можност, сепак нешто да се случи до крајот на советот? / Не, нема хипотетичка можност бидејќи јас стојам на мојот збор. / Ако си Претседател на место ќе го свикаш консултативниот совет, ќе ги викнеш сите служби, ќе ги викнеш сите партии, седнуваме сите заедно, разгледуваме и излегуваме. Но, не пак, тоа било на Владата, било на Премиерот, маските паднаа, смачено ми е од плашливци. Јас ќе си го запазам моето ветување пред бугарскиот народ и се надевам дека ќе имаме една отворена дискусија бидејќи е историски момент кој не треба да го испуштиме. Тој предлог (францускиот) е многу убав, прашањето е да се направи на вистински начин.

Спорно за политичките партии во бугарскиот парламент се процедурите, односно дали францускиот предлог и билатералниот протокол треба да поминат во комисијата за надворешна политика или на пленарна седница во Собранието. И додека ја блокираат работата на комисијата, пратеничките групи на ГЕРБ и на ДПС доставија два нацрти до народното Собрание за решавање на спорните прашања меѓу Софија и Скопје. Токму на решение во Собранието повика и екс премиерот Борисов кој го повика Петков да не ја урива и Владата во Македонија.

„Да не ја урнеме и Владата на Македонија и да нанесеме штета. Ако тоа се случи вие господине Петков сте сојузник на Митрофанова, тој го искористи името на амбасадорката, вие сте сојузник на Путин на Балканот. Затоа Ве молам, наредете и на вашата партија да го внесе предлогот, да биде водечка, ние ќе ја поддржиме.

Во меѓувреме, Еврокомесарот Вархеји преку социјалната мрежа твитер порача дека Унијата ги зема доста сериозно бугарските грижи и тие сега се дел од преговарачкиот процес. Моментот за сериозни одлуки како што напшиша Вархеји е сега, и Западен Балкан треба да е дел од ЕУ. Вархеји го повика и бугарскиот парламент да ја исполни својата обврска и да го изгласа предлогот за Македонија и Албанија.

Владата на Словачка ја одобри контроверзната реформа на јавната радио и телевизија

 Владата на Словачка денеска ја одобри контроверзна реформа на јавната радио и телевизија во земјата, чекор, кој според критичарите, ќе доведе до преземање на целосна контрола врз медиумите од страна на Владата.

Минатиот месец, илјадници луѓе се собраа во главниот град за да го осудат планот, кој беше широко критикуван од локалните новинари, опозицијата, меѓународните медиумски организации и Европската комисија.

Премиерот Роберт Фицо рече дека промените се неопходни, бидејќи јавниот радиодифузен сервис РТВС бил политички пристрасен и е „во конфликт со словачката Влада“. Предложените измени ќе значат дека тој ќе има нова организација.

Се очекува, Парламентот, во кој коалициската Влада на Фицо има мнозинство, во јуни да ги одобри измените. /MIA

Де Соуза: Португалија одговорна за злосторствата за време на трансатлантското ропство

Португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуза рече дека Португалија е одговорна за злосторствата извршени за време на трансатлантското ропство и колонијалната ера и посочи дека има потреба од репарации.

Говорејќи на настанот на кој доцна синоќа беа поканети странски дописници, Ребело де Соуза рече дека Португалија „ја презема целосната одговорност“ за неправдите од минатото и дека тие злосторства, вклучително и колонијалните масакри, имаат „цена“.

Тој посочи дека Португалија мора да ја плати цената.

„Дали има злосторства што не се казнети, а одговорните не се уапсени? Дали има стока што е ограбена и не е вратена? Да видиме како можеме да го поправиме тоа“, рече Ребело де Соза.

Во текот на повеќе од четири века, најмалку 12,5 милиони Африканци беа киднапирани, насилно транспортирани на долги растојанија главно со европски бродови и продадени во ропство.

Оние кои го преживеале патувањето завршиле со работа на плантажи претежно во Бразил и Карибите, додека други профитирале од нивниот труд.

Португалија продаде речиси шест милиони Африканци, повеќе од која било друга европска нација, но досега не успеа да се соочи со своето минато, а во училиштата малку се учи за нејзината улога во трансатлантското ропство. /МИА

Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај

Подводниот визуелен спектакл „Мермејд опен“ (Mermaid Open), познат и како Меѓународен натпревар за сирени во Шангај, Кина се одржа минатиот викенд. На него учествуваа стотина спортисти од Кина, Јужна Кореја и Казахстан.

Беа прикажани уметнички нуркачки вештини во неколку дисциплини, а натпреварувачките и натпреварувачите се оценувани во неколку категории.

Натпреварот се одржа во базен со 7.500 кубни метри вода и околу 50.000 риби во него, a двајца од јужна Кина се прогласени за шампиони - во женска и машка конкуренција, пишува „Шангај дејли“. Натпреварите со сирени станаа многу популарни во Кина последниве години, а за да го поттикне овој спорт, Океанскиот парк „Хајчанг“ во Шангај планира да организира серија настани и за претстојните празници во мај.

притисни ентер