#FITRCLASSROOM: Македонија со национална стратегија за вештачка интелигенција

Предизвици и можности со кои се соочуваат иновативните компании од областа на вештачка интелигенција во Македонија беше темата на последниот #FITRClassroom, организиран од страна на ФИТР. 

Свои размислувања и искуства на темата презентираа претставници на компании кои со поддршка од ФИТР успеаа да развијат успешни проекти од оваа индустрија: Светлана Кордумова Трајанова-Pixyle.ai, Христијан Ѓорески од Aidea Lab, Нино Карас од Codewell unlimited, Дашмир Истрефи од Hoyo Tech и Александар Савески од компанијата Si-mAInd. За време на настанот свое обраќање имаше Фатмир Битиќи, Вицепремиер задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции.

"ФИТР ќе продолжи да биде двигател на промените во општеството. Затоа ќе иницирам во Владата да се креира работна група која ќе работи на Националната стратегија за вештачка интелигенција, која ФИТР институционално ќе ја предводи. А која потоа ќе влезе и во големата слика за развојот на државата, а тоа е Националната развојна стратегија 2021-2041" изјави Фатмир Битиќи, Вицепремиер задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции.

Иницијативата за креирање на Национална стратегија за вештачка интелигенција претставува почеток на заложбите на Владата и ФИТР која ќе овозможи дигитална трансформација на целата индустрија, ќе им овозможи на компаниите да ги надминат предизвиците со кои се соочуват и ќе создаде можности за развој на вештачката интелигенција од страна на компаниите.

"Оваа индустрија има голем потенцијал за развој во нашата земја, но сепак факт е дека потребни им се огромни финансиски средства на компаниите за да започнат. Со креирањето на Национална стратегија за вештачка интелигенција, ќе им дадеме шанса на многу иновативни стартап компании да ги реализираат своите идеи и проекти. Бројката од 6 компании од областа на вештачка интелигенција кои се поддржани од ФИТР, во износ од 441.737 евра, се надевам дека во иднина ќе прерасне во многу поголема бројка на иновативни компании кои сме ги поддржале", истакна Коста Петров, директор на Фонд за иновации и технолошки развој.

Пристапот до дата центри, потребата од соодветно образование како и потребата од моќна опрема се главните предизвици со кои се соочуваат компаниите кои развиваат иновации базирани на вештачка интелигенција, истакнаа претставниците. Сепак, сите се сложни дека донесувањето на Национална стратегија за вештачка интелигенција ќе им донесе многу придобивки за нив како компании кои веќе развиваат иновации но и за сите кои сакаат да започнат да развиваат во оваа насока. На истото се надоврзаа и Светлана Кордумова Трајанова, од компанијата Pixyle.ai и Дашмир Истрефи од Hoyo Tech кои истакнаа дека раните успеси на ова поле се сеуште на почеток, но тие веруваат дека Македонија има потенцијал да ги следи и применува ваквите иновации и набрзо сите да ги осетат придобивките од оваа револуционерна технологијата

Според Христијан Ѓорески претставник од компанијата Aidea Lab, вештачката интелигенција како следен неизбежен чекор во дигитална револуција, е огромна можност и потенцијал за малите држави, уште повеќе за малите фирми – стартапи. "Можеби звучи контрадикторно, но тоа што се мали, стартапи ги прави флексибилно, прилагодливи, им дава можност да прават "ефтини" грешки. И најбитно од се, им дава можност релативно лесно да тестираат на мал пазар – нови, храбри, револуционерни идеи и со тоа да ја покажат нивната вредност и изводливост" изјави Христијан.

За моќта која ја поседува вештачката интелигенција, зборуваше Александар Савески од компанијата Si-mAInd, кој има развиено проект Мила АИ со кој има можност да ја позиционира Македонија во првите три земји во светот по технолошки развој во сферата на вештачка интелигенција. "Мила АИ е прва технологија во светот која е способна покрај интелигентни да прави и емоционалини расудувања за околината и тоа го прави 40 пати по ефикасно од моментално најактуелните технологии кои се применуваат во светот", изјави Александар Савески.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер