Филип Михов од ШК „Алкалоид“ е нов државен првак во поединечна конкуренција

Филип Михов (21) стигна до шампионската титула на Македонија во сениорска конкуренција, победувајќи на Отвореното првенство во шах кое од 24 до 31 јули се одигра во Струга.

Шахистот на најуспешниот македонски клуб, ШК Алкалоид, се издвои на врвот на табелата освојувајќи седум бода во девет партии, при што во последните три партии освои цел поен против Андреј Вељановски и Горан Главинац, кои беа меѓу првите што се наметнаа на врвот на табелата, а во последното коло ремизираше со ИМ Никола Николовски.

Михов на претходното Отворено првенство на Македонија 2019 имаше изборено пласман на завршницата односно за таканареченото Затворено државно првенство на кое според актите на ШФМ треба да се круниса државниот шампион, но тоа првенство федерацијата не успеа да го организира и го откажа.

Овој успех е уште еден во низата за шахистот со штипско потекло, кој како освојувач на медал од Информатичката олимпијада сега е студент на Оксфорд и по титулата младински шампион од 2017 година, сега во својата колекција ја додава и сениорската титула, со што направи исчекор и се доближи кон шаховскиот наслов ФИДЕ Мајстор.

Поради одбивање маски и тестирање во Австрија се отпуштени 25 наставници

Во Австрија, од почетокот на пандемијата, се отпуштени 25 наставници бидејќи не ги почитувале мерките за корона вирусот.

Тие не сакале да носат маски, или да бидат тестирани, односно одбивале да ги надгледуваат учениците за време на тестирањето.

Најголем број откази имало во Долна Австрија, каде биле отпуштени осум наставника.

Во Виена, пет наставници биле отпуштени, исто колку и во малата провинција Форарлберг.

Во Горна Австрија, биле отпуштени тројца наставници затоа што не сакале да носат маска за време на часовите.

Во Штаерска, Салцбург и Корушка, отпуштен е по еден наставник, од кои еден одлучил да се обрати на суд.

Само во Бургенланд и Тирол нема отпуштања на наставници поради непочитување на мерките.

Сепак, тоа не значи дека нема отпор против мерките за корона во училиштата.

Заканата за суспензија во Тирол делувала, иако неколку наставници одлучиле да заминат на неплатен одмор.

Скандал: Советничка го јава градоначалникот на Бања Лука во неговиот кабинет (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се шири видео на кое се гледа како девојка во канцеларија седи на грбот на градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, додека тој ја учи како да јава коњ.

Според блогот на Слободан Васковиќ, станува збор за Олга Бабиќ, вработена во Градската управа, за која се вели дека е негова десна рака, пренесува Кликс.ба.

„Го исправаш грбот и ми ги земаш јаките, како да се узди од коњ ...“, вели Станивуковиќ, додека девојката што седи на грбот вика „иха“. Потоа и дава инструкции како да управува со коњот, која нога, каде и како да удри, симулирајќи јавање. После тоа, девојката паѓа во прегратките на градоначалникот.

„Каков коњ си ...“, вели девојката и двајцата се смеат.

Медиумите во БиХ ја објавуваат веста за снимката, нарекувајќи ја скандалозна.

Израелскиот премиер за нуклеарната програма на Иран: Ги преминаа сите црвени линии

Премиерот на Израел, Нафтали Бенет изјави денеска дека, што се однесува до „нуклеарната програма“, Иран во голема мера ја минал недозволената граница и рече дека Израел нема да дозволи Техеран да поседува нуклеарно оружје.

Во својот прв говор пред Генералното собрание на ОН, Бенет рече дека Иран се обидува да добие доминација на Блискиот Исток под „нуклеарен чадор“ и повика на посилни меѓународни напори за запирање на иранските нуклеарни активности.

"Иранската нуклеарна програма е на крстопат. Сите црвени линии се преминати, инспекциите се игнорирани. И сето тоа минува низ нив", рече Бенет, кој во јуни оваа година стави крај на 12-годишното владеење на Бенјамин Нетанјаху како премиер.

Тој, исто така, стави до знаење дека Израел исто така може да дејствува еднострано против Иран.

"Иранската нуклеарна програма е во пресвртница, како и нашето трпение. Зборовите не можат да го запрат вртењето на нуклеарните центрифуги", рече Бенет.

Особено, тој побара американскиот претседател Џо Бајден да заземе построг став кон исламскиот режим во Техеран.

Бенет се противи на напорите на новата американска администрација насочени кон враќање во рамката на меѓународниот нуклеарен договор меѓу големите сили и Иран од 2015 година.

Под раководство на Доналд Трамп, САД се повлекоа од договорот во 2018 година.

притисни ентер