„Фејсбук оставките“ на директорите на тетовската болница не се доставени до Филипче

Но овие оставки се уште не се пристигнати во министерството за здравство.

Моралните оставки на фејсбук останаа единствен напишан доказ на профилите на директорите на тетовската болница кои своите статуси ги напишаа во петокот на 10 септември и соопштија дека по ваков трагичен настан неизбежна е морална оставка. Но овие оставки се уште не се пристигнати во министерството за здравство од велат дека оставките не се стигнати во министерството. Тоа значи дека директорите се уште остануваат на својата позиција во тетовската болница. Канал 5 се обиде да го добие директорот Флорин Бесими, но не се јави на нашите повици ниту одговори на пораката со цел да го прашаме дали ја доставил својата оставка. Следно прашање е зошто и покрај Законот за здравствена заштита каде се вели дека в.д. директор може да биде шест месеци и потоа да има нов конкрус, не добивме можност за одговор. Медицинскиот директор Бесими в.д. директор е 11 години, а оваа година Последен пат за в. д. директор д-р Бесими е именуван во мај годинава. За в.д. директорите премиерот Заев рече дека во здравствените инситуции се поставуваат заради транспарента постапка за избор на директорот.

Од антикорупциска велат дека не само во здравствени установи во 90 проценти од институциите се прекршува правилото дека веде директор може да биде шест месеци, а по истекот на овој рок мора да се објави конкурс за избор на директор. Од ДКСК велат дека многу често партиските приоритети се пред професионалните и поради тоа има многу нестрчучност во работата. Многу често има реваншизам помеѓу локлната власт и централната доколку се од опозициски политички партии.

Во петокот морални обврски до владата поднесоа министерто за здравство Венко Филипче и заменик министерто за здравство Илир Хасани, премиерот рече се до добивањето на резултатите од истрагата од пожарот што се случи на 8 септември и животите ги изгубија 14 луѓе Филипче и Хасани ќе останат на совите позиции во министерството за здравство.

Средба на министерот Бесими со Матуела и Худолин од ЕУ

Дизајнирањето на макроекономските политики и мерките за поддршка на стопанството клучни за остварување забрзан раст.

Дизајнирањето на макроекономските политики, јавните финансии, структурните реформи, како и поддршката што ја дава Владата на стопанството за справување со пандемијата, како и зелената и дигиталната трансформација, беше тема на дискусија помеѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и Мишела Матуела, директор на Директоратот за проширување и соседска политика и Штефан Худолин, раководител за соработка во Делегацијата на ЕУ.

„Македонија е посветена на остварување економски раст и опоравување од пандемијата, со фокус на остварување подобар раст што би значело – зелен, дигитален, паметен, забрзан, инклузивен и одржлив раст. Планот за финансирање забрзан раст на којшто работиме има за цел да овозможи забрзан одржлив раст притоа одржувајќи финансиска стабилност преку мобилизирање капитал од приватниот сектор како дополнување на средствата од Буџетот", потенцира министерот.

На состанокот се дискутираше и за Законот за буџети, за реформата за унапредување на фискалната децентрализација којшто се подготвува во рамки на Министерството за финансии, како и за реализацијата на проектите што се финансирани од инструментот ИПА.

Во однос на преземените мерки за справување со пандемијата, Бесими истакна дека се имплементирани 6 пакети во вкупен износ од 1 милијарда и 180 милиони евра.

„Македонија се водеше од пристапот „сѐ што е потребно" – првично, финансирањето беше предизвик, но подоцна ни беа доделени меѓународни средства. Во 2021 година, беа имплементирани 2 дополнителни пакета во вкупен износ од околу 180 милиони евра, во кои беа вклучени не само интервентни мерки, туку и мерки за поддршка на закрепнувањето и растот, со потаргетиран пристап, воедно фокусирајќи се и на компаниите со добри перформанси со цел поддршка на инвестициите. Во моментов, сите показатели (раст на БДП, буџетски приходи, трговска размена, итн.) укажуваат на заздравување на економијата", потенцира Бесими.

Притоа тој нагласи дека и понатаму внимателно се следат случувањата.

„Свесни за предизвиците, продолжуваме со поддршка преку потаргетирани мерки, што се поориентирани кон пазарот, притоа фокусирајќи се на фискалната консолидација на среден рок. Политиките на Македонија ги следат овие насоки", рече Бесими.

Во пожар кај Струмица гореа стари гуми

Пожар денеска околу 14:15 часот избувна во атарот на село Костурино, каде биле запалени стари гуми и стрниште.

Според информациите од ТППЕ Струмица во гаснењето на пожарот учествувале 20 пожарникари и шест против пожарни возила, како и помош од Валандово.

Пожарот е локализиран, а црниот чад кој се издигнуваше над местото на пожарот е предизвикан од запалени стари гуми.

Радост во домот на пејачот Тони Цетински

Балканската музичка ѕвезда Тони Цетински пред бога го изговори судбинското „ДА“ на својата сопруга Дубравка.

Популарниот пејач убавата вест ја објави на социјалните мрежи. Тони на Инстаграм објави фотографија со сопругата со која ја сподели убавата вест. Веднаш по објавата Цетински доби бројни чечстики и коментари од своите фанови.

Тони инаку неодамна стана дедо на внуката Елена.

притисни ентер