„Фајненшел тајмс“: Бугарија се приклучи кон проблематичната европска група

„Фајненшл тајм“ со критичка анализа за состојбите во Бугарија.

Влијателниот „Фајненшл тајм“ со критичка анализа за состојбите во Бугарија, растечката корупција во земјата и тензиите по неодамнешното вето од Софија за Македонија, што според весникот ги отвора стравувањата дека Бугарија се приклучува кон проблематичната европска група предвдоена од Унгарија и Полска.

Политичките потешкотии на Борисов исто така отвораат тешки прашања за Брисел и ЕУ членките, кои според критичарите не успеале, да извршат доволен притисок врз Софија за породбро владеење на правото и управување со земјата, пишува весникот и наведува дека недостигот на резултати во антикорупциката борба нотирани од страна на ек е една од клучните причини за антивладините протести.

Весникот ја цитира изјавата на екс министерот за финансии во владата на Борсиов, и бугарски економист Сименон Џанков кој тврди дека токму европските фондови кои се слеале во земјата по нејзинотиот влез во унијата, вусшност ја зголемиле корупцијата и заробувањето на државата, особено оние кои биле користени за купување ,директно или преку проекти, на многу медиуми обезбедувајќи покритие за политичарите.

Фондовите на ЕУ всушност ја зголемија корупцијатат и заробувањето на државата, особено оние коие беа користени за купување директно или преку проекти на многу медиуми и со тоа да се обезбеди покритие за политичарите.

Двете земји со години добиваа слободна карта од ЕУ, а заради финсиската криза во 2008година и миграциската во 2015, никогаш не било време унијата навистина да размисли за проблемите.

Џанков оценува дека Брисел предоцна ја сфатил опасноста од бугарската корупција.

Брисел треба да биде убеден доколку не се стори нешто сега, Бугарија и Борисов ќе се приклучат во редовите на Јарослав Качински (Полска) и Виктор Орбан (Унгарија), што ќе биде загрижувачко.

Во мегувреме според „ФТ“, владата на Борисов е под притисок поради неодамнешното спротивставување на започнувањето на пристапните разговори на Македонија со ЕУ. Тие сметаа дека г. Борисов ќе го води овој процес. Ова го става во опасност европскиот проект на начин ко је без преседан, вели за „ФТ“ Весела Чернева, директор на канцеларијата на европскиот совет за надворешни односи со Бугарија

„Тие сметаа дека г-дин Борисов ќе го води овој процес“. „Ова го става во опасност европскиот проект на начин кој е без преседан“

Самиот Борисов пак во вчерашното интервју за реномираниот „Франфуртер алегемајне цајтун“ оцени дека Македонците биле насилно преобратени Бугари од страна на комунистичката интернационала а дека од резолуцијата на европскиот парламент разбрал дека има македонско малцинство во Бугарија, по кое .авторот на интервјуто Михаел Мартенс , инаку долгогодишен дописник од Балканот, во Твитер реакцијата оцени дека Бугарија всушност прави се за да го загуби пријателството со Македонците.

Во мегувреме се огласи и поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелив кој во анализата за софиски „24 часа“ пишува дека Софија го признава идентиетот и јазикот, но дека Заев треба да покаже добра волја со елиминирање на вештачкото прашање за македонското малцинство во Бугарија, кое според Плевнелив никогаш не постоело.

Битолскиот театар на меѓународен фестивал во Рума, Србија

Актерите на НУ Народен театар-Битола, Викторија Степановска Јанкуловска и Никола Стефанов вечер во Рума, Србија на тамошниот меѓународен театарски фестивал ќе ја одиграат претставата „Кислород“ во режија на Иван Јерчиќ.

Фестивалот е со натпреварувачки карактер и освен македонските актери во конкуренција се и актери на театри од Унгарија, Романија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и домаќинот Србија.

Театарската претстава „Кислород“ е фокусирана на проблемите во животот, потребата на човекот да живее, или како што велат битолските актери, да се живее живот полн со љубов, среќа, емпатија и солидарност.

Претставата „Кислород“ почнува во 21 часот и ќе се одигра на сцената на Градски театар во Рума. /МИА

Бајден со помош на Обама и Клинтон собра рекордни 25 милиони долари за својата кампања

 Кампањата за собирање средства за американскиот претседател Џо Бајден со поранешните претседатели Барак Обама и Бил Клинтон генерира над 25 милиони долари, најголема собрана сума досега во историјата на САД.

Бајден синолќа со Обама и Клинтон учествуваше во дискусија во познатата њујоршка „Радио сити мјузикл хол“, модерирана од водителот на „Лејт шоу“ (The Late Show) Стивен Колбер.

Но, настанот неколку пати беше прекинуван од демонстрантите во салата, кои скандираа против политиката на Бајден за поддршка на Израел во војната со Хамас. Еден од демонстрантите извика „Срам да ти е, Џо Бајден“. Тие исто така го прекинуваа и говорот на Обама.

Демонстрантите го прекинаа и настапот на музичарите Квин Латифа, Лизо, Бен Плат, Синтија Ериво и Леа Микеле.

Влезниците за вчерашниот предизборен митинг на Бајден чинеа од 250.000 и 500.000 долари. Дел од донаторите позираа со претседателите, а фотографиите ги направи славната фотографка Ени Лејбовиц. /МИА

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел, се откажав од надомест

Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки, вели Петровска.

Како што ветив транспарентност од почеток до крај на процесот против изнесените лаги, клевети и навреди од страна на Драган Ковачки врз мене сакам да Ве известам дека Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста. Ова го објави предмалку министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејбук профил.

- Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки. Како што кажав и на почетокот во медиумите: "Пари од нечесник не сакам" и Ве известувам дека се откажав од паричниот надомест, напиша Петровска.

На ФБ министерката за одбрана напиша дека секој го прави тоа што најдобро го знае, „тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“.

притисни ентер