„ЕУ по корона кризата можеби ќе се распадне“

Поранешниот вицеканцелар на Германија, Зигмар Габриел оцени дека ЕУ би можела да се распадне доколку нема солидарност во соочувањето со пандемијата со коронавирусот.

Според изјавата на Габриел за „Билд“ Германија би требала да ја зголеми својата задолженост за да може да им помогне на Италија Шпанија да ја совладаат кризата.

„Мене треба некој да ми објасни зошто ние Германците, не ставивме еден процент на располагање на Италија и Шпанија за помош на нивните економии при задолжување, што се случи досега. Мојот предлог би бил да ставам на располагање 10 проценти. Мислам дека не би имало голема негативна реакција ако новото задолжување би било 160 наместо 150 милијарди евра “, вели Габриелво за германскиот „Билд“.

Поранешниот вице-канцелар и заменик канцелар на Ангела Меркел, кој ја вршеше функцијата до март 2018 година, го објасни својот став велејќи дека Германија има корист економски од ЕУ и додаде дека е загрижен за опстанокот на Унијата.

„Ако не сме подготвени сега да ја споделиме нашата благосостојба, тогаш не знам што ќе биде од Европа“, рече Габриел.

Екс вицеканцеларот на Германија воедно истакна дека долговите треба да се распределат на повеќе „грбови“ и додаде дека Италијанците и Шпанците нема да им заборават на Германците за 100 години ако имале впечаток дека не добиле помош.

„Јас сум многу загрижен што Европа може да се распадне по оваа криза“, истакна Габриел.

Хјундаи во наредните три години ќе инвестира 47 милијарди евра, пред сѐ за електрични возила

Компанијата Хјундаи денеска објави дека ќе инвестира 68 трилиони вони (околу 47 милијарди евра) во текот на три години во Јужна Кореја, главно за да го зголеми производството на електрични возила (ЕВ) и да вработи 80.000 нови работници во секторот.

Јужнокорејската компанија наведува дека повеќе од половина од таа инвестиција ќе биде наменета за електрични возила, односно за нова истражувачка и развојна инфраструктура, како и производствени линии, пренесе Ројтерс.

Агенцијата забележува дека зголемувањето на инвестициите се случува во време кога другите етаблирани производители на автомобили го намалуваат производството.

Главниот оперативен директор на Hyundai, Хозе Муњоз, на саемот за автомобили во Њујорк најави дека бројот на електрични возила ќе се удвои.

„Многу сме посветени на пазарот на Соединетите Американски Држави“, истакна тој.

Hyundai во ноември објави дека инвестира 11,6 милијарди евра во нови посебни капацитети за производство на електрични возила и батерии во Грузија, што е најголема инвестиција надвор од Јужна Кореја.

Додека јужнокорејската компанија ги зголемува инвестициите во електрични возила, конкурентските производители на автомобили планираат да го намалат производството на ЕВ и да го префрлат капиталот главно на хибридни модели.

Руски воен авион се урна во близина на Крим

Руски воен авион денеска се урна во морето во близина на кримското пристаниште Севастопол, изјави гувернерот на регионот назначен од Русија.

„Пилотот безбедно се катапултирал и бил спасен. Цивилни објекти не се оштетени“, изјави гувернерот на Севастопол, Михаил Развозаев, пренесува Ројтерс.

Претходно руските канали Телеграм објавија дека руски борбен авион Су-35 се урнал во близина на Севастопол.

Не е јасно како дошло до инцидентот.

Таравари на панел дискусијата за интеграција на лицата со попреченост

Претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател од коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари, заедно со претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, учествуваа на важна панел дискусија .

Претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател од коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари, заедно со претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, учествуваа на важна панел дискусија за интеграцијата на лицата со попреченост во општеството.

На панел дискусијата се разговараше за потребите и барањата на оваа значајна категорија.

Темата за интеграција на лицата со попреченост во општеството е многу важно прашање за кое е важно да се има широка свест и соработка на општествено и политичко ниво, а учеството на Таравари на овој панел ја покажува неговата посветеност да се справи со проблемите со кои се соочуваат оваа категорија лица и да се промовира поинклузивно и еднакво општество за сите.

Покрај дискусијата за потребите и барањата на лицата со попреченост, важно е оваа дискусија да води кон конкретни акции и политики ориентирани кон нивна поддршка, се наведува во соопштението.

притисни ентер