„Емирејтс" бесплатно ќе пренесува помош од Дубаи во Индија

Емирејтс ќе превезуваат производи од добротворни организации со седиште во Дубаи

Авиокомпанијата „Емирејтс" денеска соопшти дека од оваа недела бесплатно ќе превезува медицински производи од Дубаи во девет градови во Индија за да помогне во борбата против вонредниот пораст на новозаразени со Ковид-19 во таа држава.

– Емирејтс ќе превезуваат производи од добротворни организации со седиште во Дубаи, изјави потпретседателот на компанијата Набил Султан, додавајќи дека механизмот подоцна може да се прошири за да помогне од други делови на земјата.

– Апсолутно сме посветени на помагањето на Индија, нагласи тој.

Првиот лет во рамките на „воздушниот мост" заминува за Њу Делхи на 13 мај со 12,6 тони повеќенаменски шатори од Светската здравствена организација. Претходно овој месец, Катар ервејс пренесе 300 тони бесплатна помош од Доха во Индија.

Грчки пилот призна дека убил млада Британка: Ме удри и ми рече дека ќе ме остави (ВИДЕО)

Сопругот на млада Британка, која наводно била убиена при грабеж во нивниот грчки дом и чие тело било пронајдено покрај нејзиното бебе, го признал злосторството, објави грчката полиција.

Бабис Анагностопулос, 32-годишен пилот, со полициски хеликоптер вчера бил пренесен во Атина од островот Алонисос, каде бил на погребот на неговата сопруга Каролин Крауч, пишува Гардијан.

Анагностопулос признал сè неколку часа подоцна, објави полицијата на Твитер.

32-годишникот им рекол на истражителите дека ја убил неговата сопруга по расправијата во која таа се заканувала дека ќе го остави и ќе го однесе нивното дете.

"Се расправавме таа вечер. Во еден момент таа го фрли детето во креветчето и ми рече да излезам од куќата. Ме турна и ме удри. Ми се затемни, ја убив и потоа наместив да изгледа како грабеж ", им рекол тој на полициските истражители.

Тој претходно тврдел дека неговата сопруга е убиена од разбојници кои упаднале во нивниот дом на 11 мај во предградие северо-источно од Атина. 20-годишната Каролин Крауч била пронајдена мртва на таванот. Била задушена на креветот покрај 11-месечното девојче. Детето не е повредено.

Полицијата понудила награда од 300.000 евра за информации за злосторството. Грчкиот министер за полиција Михалис Хрисохоидис по убиството изјавил дека е шокиран од варварското злосторство.

Анагностопулос претходно тврдел дека тројца мажи упаднале во куќата, го врзале и ја убиле неговата сопруга пред да побегнат со 15.000 евра во кеш и други скапоцености.

Разбојниците го убиле и семејното куче, тврел тој.

Полицијата не успеала да пронајде трага од разбојниците кои наводно го извршиле злосторството, пренесоа грчките медиуми.

Судија под санкции на САД е најсериозен кандидат за претседател на Иран

Милиони Иранци денеска гласаа на избори , каде најголеми шанси за победа има судија кој е предмет на санкции од САД.

Претставниците на власта апелирале на голем одѕив на изборите, гледани како референдум за нивно управување со економијата, вклучително и зголемувања на цените и невработеноста и пад на вредноста на иранската валута, пишува Ројтерс.

„Ги повикувам сите со какво било политичко гледиште да гласаат“, рече првиот човек на судството Ебрахим Раиси, фаворит на изборите, откако го даде својот глас.

„Поплаките на нашите луѓе за недостатоците се реални, но ако тоа е причина да не учествуваме, тогаш тоа е погрешно.

Додека државната телевизија покажувала долги редици на избирачките места во неколку градови, полуофицијалната новинска агенција Фарс објавила дека 22 милиони или 37% од гласачите гласале до 19:30 часот, повикувајќи се на својот репортер. Министерството за внатрешни работи соопштило дека не може да ги потврди бројките за излезноста.

По гласањето во главниот град Техеран, врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи ги повика Иранците да го следат примерот, велејќи дека „секој глас се брои ... дојдете гласајте и изберете го вашиот претседател“.

60-годишниот Раиси е поддржан од безбедносните сили во обид да го наследи Хасан Рухани, кој е спречен според уставот да биде избран на трет четиригодишен мандат на оваа функција, што ја раководи владата и му поднесува извештаи на Хамнеи.

Поддржан од моќната револуционерната гарда, Раиси, близок сојузник на Хамнеи, кој ветува борба против корупцијата, е под американски санкции за наводна вмешаност во егзекуции на политички затвореници пред неколку децении.

Повеќе од 59 милиони Иранци можеле да гласаат. Резултатите се очекуваат утре околу пладне.

Победата за Раиси ќе ја потврди политичката смрт на прагматистичките политичари како Рохани, ослабен од одлуката на САД да се откажат од нуклеарниот договор и повторно да ги воведат санкциите во потег што го задуши приближувањето кон Западот.

Новите санкции го намалија извозот на нафта од 2,8 милиони барели дневно во 2018 година на ниско ниво од околу 200 000 барели на ден во некои месеци од 2020 година. Иранската валута, риал, изгубила 70% од вредноста од 2018 година.

Со инфлацијата и невработеноста од околу 39%, на свештеничкото раководство му треба големо пребројување гласови за да го зајакне својот легитимитет, оштетен по серијата протести против сиромаштијата и политичките ограничувања од 2017 година, пишува Ројтерс.

Навивачите на Европското полудеа по атрактивна Русинка (ФОТО)

Европското првенство 2020 се игра во 11 различни градови и десет земји. Бројот на навивачи на трибините и атмосферата се условени од епидемиолошката состојба во секоја од овие земји, но  фудбалот е многу погледан кога стадионите се полни.

Големите турнири, покрај навивачките перформанси, отсекогаш биле одлична платформа за привлечни обожавателки чии слики лудо се споделуваат на социјалните мрежи. Особено се истакна Ванеса Марипоса, привлечна руска навивачка.

Ванеса била на трибините на стадионот Крестовски во Санкт Петербург, каде гледала како нејзината репрезентација ја победи Финска. Фановите на социјалните мрежи ја прогласија за „најдоброто што Русија го има на овој турнир“.

Оваа инфлуенсерка и манекенка за тамошните медиуми изјавила дека секогаш го следи националниот тим, и ова е нејзино прво големо натпреварување. Таа се надева, дека ќе ја следи Русија до финалето. Зборнаја има три бода по две кола и го држи второто место во групата. Во последното коло тие ќе се соочат со Данска.

притисни ентер