„Еден Бисер“ - прв препознатлив коктел на градот Охрид (фото)

Охрид доби сопствен препознатлив коктел. Угостителските менија од утре ќе бидат побогати со новиот коктел микс од повеќе вкусни пијалоци - наречен еден „Еден Бисер“.

Уникатно е тоа што пијалакот ќе се меша со лажиче накитено со охридски оригинален бисер, кое гостите ќе го добиваат како подарок.

Коктелот ќе се нуди во сите угостителски објекти членки на туристичкиот кластер ќе го подготвуваат професионални  бармени со стандардна цена од 240 денари.

-За таа цена го добиваат и бисерот исто така и сертификат кој покажува дека се работи за оригинален охридски бисер. Секогаш кога во своите домови ќе ги видат ќе се сеќаваат на преубавиот Охрид и автентичниот коктел кој сме го создале за нив, Ерхан Сулејманоски угостител.

Коктелот ќе биде нов симбол на градот Охрид кој ќе ја спои  угостителската и културната вредност на бисерот.

-Бев инспириран со посебни чувства  да изработам една посебна мешалка за тој коктел која е составена од еден бисер за да биде збогатена автентичноста на тој коктел.Лажицата е  изработена е од  брохром односно  росврајт кој е безбеден во исхраната и се користи во садовите во домаќинство. Превениравме од сите страни вели Михајло Филев.

Коктелот Еден бисер ќе ги плени воздишките на туристите  внесувајќи свежина и романтика но и незаборавни спомени од синиот Охрид. Тој е производ на туристичкиот кластер со подршка од Министерството за економија.



притисни ентер