Две лица со повреди од остар предмет примени во градската болница„Св. Наум Охридски“ во Скопје

– Во градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје синоќа во 20 часот се примени две лица со повреди од остар предмет во пределот на дланката.

Едно лице е препратено на скопските клиники, а едно е пуштено на домашно лекување, информираа за МИА од болницата.Дел од медиумите претходно објавија дека во автобус на ЈСП број 51 во Скопје се случила тепачка меѓу малолетници. Од министерството за внатрешни работи го потврдија инцидентот.

Расправија околу место за седење причина за синоќешната физичка пресмета во автобус на ЈСП

Расправија поради место за седење е причина за синоќешната физичка пресметка помеѓу двајца малолетници во автобус на ЈСП во Кисела Вода.

Како што информираат од МВР за МИА, синоќа околу 19:33 часот во СВР Скопје е пријавено дека полициски службеник задржал две лица кои кај Стара Рампа, бидејќи го нарушиле јавниот ред и мир во автобус број 51 со физичка пресметка во која бил употребен остар предмет.

– Имено, откако по вербална расправија за место за седење малолетник од село Моране извадил остар предмет да нападне малолетник од село Студеничани, не успеал во намерата и повредил малолетен другар од село Студеничани, а се повредил и самиот. По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници обезбедени се сите учесници во настанот. За случајот е известен јавен обвинител и по документирање на случајот против сторителите ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од Министерството.

Од МВР додаваат дека двајцата малолетници со посекотини на рацете биле пренесени во ГОБ „Наум Охридски“.

Претходно од Градската болница за МИА информираа дека истата вечер во 20 часот биле примени две лица со повреди од остар предмет. Едно лице било препратено на скопските клиники, додека другото на домашно лекување.

Полицијата покрена истрага против Расел Бренд: „Добивме бројни обвинувања“

Лондонската полиција соопшти дека покренала истрага против британскиот комичар Расел Бренд (48), откако неколку жени го обвинија за сексуално вознемирување и злоупотреба, пишува Си-Ен-Ен.

„По истрагата на „Channel 4's Dispatches“ и „The Sunday Times“ полицијата прими голем број наводи за сексуални престапи во Лондон. Исто така примени се и бројни обвинувања за сексуачни престапи сторени на други места во земјата и ќе ги истражиме. Сите прекршоци не се неодамнешни“, се вели во полициското соопштение објавено во понеделникот.

Да потсетиме дека Бренд беше обвинет за силување, напад и емоционална злоупотреба помеѓу 2006 и 2013 година. Тогаш беше на врвот на својата слава, работејќи за Би-Би-Си, Канал 4 и глумејќи во холивудски филмови. Обвинувањата ги објави на социјалните мрежи. „Тоа беше неверојатно напорна недела и благодарам на сите вас кои се сомневавте во информациите што ги добивате“, рече тој во видеото.

Една од жртвите која го обвини Расел имала само 16 години кога актерот ја малтретирал. Полицијата ги охрабрува другите потенцијални жртви да се јават. Инаку, Бренд моментално е во брак со писателката Лаура Галачер. Двојката се венчаше во 2017 година, а тој претходно беше во брак со пејачката Кети Пери.

Извор: Индекс.хр

САД и нудат на Полска заем од 2 милијарди долари за модернизација на нејзината војска

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден денеска објави дека нуди заем од две милијарди долари на Варшава за да помогне во модернизацијата на одбраната на Полска, објавија американските медиуми.

Во соопштението на Стејт департментот се вели дека Полска е „решителен“ сојузник на САД, чија „безбедност е од витално значење за колективната одбрана“ на источното крило на НАТО и дека таквото финансирање е резервирано за најважните безбедносни партнери на Вашингтон.

-Владата на САД и дава на Варшава до 60 милиони долари за покривање на трошоците за заемот во форма на странско воено финансирање, кое ќе поддржи „итни набавки на американски одбранбени производи и услуги“, соопшти Стејт департментот.

Овие 60 милиони долари се субвенција за заем наменета да се осигура дека Варшава ќе може да обезбеди поволни услови за заемот. /МИА

Дијамантската лига стартува во Ксиамен во април

Организаторите на Дијамантската лига го објавија вечерва календарот на атлетски митинзи во 2024 година.

Воведниот митинг ќе се одржи на 20 април во кинескиот град Ксиамен, додека финалето е закажана за 13 и 14 септември во Брисел.

Идната година на програмата се Олимписките игри во Париз, од 26 јули до 7 август., а последниот митинг од Дијамантската лига пред почетокот на најголемиот спортски настан ќе се одржи на 20 јули во Лондон.

Дијамантска лига – календар на митинзи во 2024:

20. април Ксиамен (Кина)

27. април Шангај (Кина)

10. мај Доха (Катар)

19. мај Рабат (Мароко)

25. мај Јуџин (САД)

30. мај Осло (Норвешка)

2. јуни Стокхолм (Шведска)

7. јули Париз (Франција)

12. јули Монте Карло (Монако)

20. јули Лондон (Велика Британија)

22. август Лозана (Швајцарија)

25. август Вроцлав (Полска)

29. август Рим (Италија)

5. септември Цирих (Швајцарија)

13/14 септември Брисел (Белгија). /МИА

притисни ентер