Државниот завод за статистика објави нов повик за реонски попишувачи за претстојниот Попис

​Државниот завод за статистика повторно објавува конкурс за избор на реонски попишувачи за Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021.

Повикот се однесува само за реоните каде недостасуваат попишувачи, а со цел да се запази принципот дека секое населено место ќе има локален попишувач кој го познава местото и населението што живее таму, како и да има доволно попишувачи кои можат процесот да го спроведат на јазиците кои се загарантирани со Уставот на Македонија.

Огласот трае до 20 март 2021 година.

Владата се приклучува на повикот на ДЗС, сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат условите да се пријават на конкурсот достапен на следниов линк: https://popis2021.stat.gov.mk/konkursi/DopolnitelenKonkursZaPopisuvaci_3_mk.pdf

На повикот имаат право да се пријават и кандидатите кои се пријавија на претходниот повик за попишувачи, но не беа во можност да присуствуваат на тестирањето.

Приоритет во спроведување на сите фази од пописот е здравјето на попишувачите. Со таа цел, усвоен е Протокол за превентивни мерки при спроведување на Пописот, а со доследно почитување на истиот, попишувачите но и сите граѓани можат да бидат сигурни дека попишувањето ќе биде спроведено безбедно.

За ангажманот лицата ќе добијат соодветен надоместок, кој се пресметува врз основа на веќе воспоставена методологија од страна на ДЗС.

Успешно спроведен попис е врвен приоритет на Владата на Македонија. После 20 години, наша обврска и одговорност е да обезбедиме релевантни податоци за населението, домаќинствата и становите, податоци кои се основа за креирање на политики кои одговараат на потребата на сите наши граѓани.


Пет тела пронајдени во куќа во Оклахома, полицијата се сомнева дека станува збор за убиство

Телата на пет лица, меѓу кои две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција. 

Поручникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите се членови на едно семејство и дека починале од насилна смрт, пренесува Ен-Би-Си Њуз.

Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно откриле инспекторите.

-Полицијата беше испратена во дом на околу 20 милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека содржи тела, рече Најт.

Според него, на сите тела имало повреди кои изгледаат како да се работи за убиство. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Пржена пастрмка

Во понеделник (22.04.2024) во емисијата гостин ни беше Петар Нечовски.

Состојки за денешниот рецепт:

2 пастрмки

4 лажици пченкарно брашно

5 лажици бело брашно

малку магдонос за украсување

1 црвен домат

мајонез, лимон

сув зачин, сол, бибер

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Американскиоот Сенат гласа за помошта за Украина

„Задачата пред нас е итна. Повторно е на Сенатот да испише историја “, рече лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел.

Американскиот Сенат денеска треба да гласа за големиот пакет помош за Украина, што се очекува речиси сигурно да биде одобрен бидејќи Претставничкиот дом даде зелено светло за помошта со широка двопартиска поддршка по неколкумесечни расправи.

Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, чија партија тесно го контролира тој дом на Конгресот, во саботата рече дека „крајот на дебатата“ за пакетот помош сега е на повидок и дека договорот е „одреден“ за гласање во вторник.

„Задачата пред нас е итна. Повторно е на Сенатот да испише историја “, рече лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел.

Конечниот пакет, што предвидува 95 милијарди долари вкупна воена помош за американските сојузници, вклучително и пари за Израел и за Тајван заедно со 61 милијарда долари за Украина, се очекува да стигне кај претседателот Џо Бајден за негово одобрување до крајот на неделата.

Гласањето во Сенатот треба да оди непречено, без да мора да се справува со комплицираните преговори и несогласувањата со кои се занимаваше Претставничкиот дом под контрола на републиканците. /МИА

притисни ентер