Џонсон изјави дека Путин, му се заканил пред почетокот на инвазијата на Украина

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон изјави дека рускиот претседател Владимир Путин лично му се заканил пред почетокот на инвазијата на Украина.

„Во еден момент ми се закани и рече: 'Борис, не сакам да те повредам, но со една ракета би траело само една минута', или така нешто слично“, вели Џонсон во документарна емисија на ББЦ .

„Ако се суди според опуштениот тон и релаксираноста која тој се чини ја имаше тој ден, веројатно едноставно си поигруваше со моите обиди да го натерам на преговори“, вели Џонсон.

Поранешниот британски премиер, како и други премиери, правеа обиди непосредно пред руската инвазија на Украина во февруари 2022 година да го одвратат Путин од намерите. Ваквите изјави се дадени во тој период.

Борис Џонсон во јули 2022 година под притисок на неговата партија се повлече од функцијата .

Паника во град во Холандија- од понеделникот избегала отровна кобра, поставени се стапици

Во тек е потрага по отровна кобра во холандскиот град Лејлистад, која што во понеделникот побегнала од живеалиштеот, објави холандскиот NL Times.

Можно е животното се уште да е некаде во куќата, но сопственикот не успеал да ја најде.

Во градот се поставени стапици за змии, а кучињата трагачи го бараат отровното животно.

Општината ги советува луѓето од околината да ги затворат прозорците и вратите, да ги чуваат домашните миленици во затворени простории и да не ги пуштаат надвор без поводник.

„Шансата да бидете каснати не е голема, но доколку се случи, каснувањето може да предизвика болка, оток и симптоми на невролошки колапс“, велат од општината.

Кобрата (вид Aspidelaps scutatus) е долга околу 50 сантиметри и генерално избегнува конфронтации.

И покрај тоа, на граѓаните им е препорачано да не се обидуваат да ја фатат доколку ја видат.

Експерт за змии на некои места ќе ги испрска тротоарите, за да може да го види отпечатокот на змијата ако помине.

Во Холандија, сличен инцидент се случил во Тилбург, во ноември.

Тогаш отровната зелена мамба избегала, но неколку дена подоцна била пронајдена зад ѕид од гипс на поткровјето на куќата на сопственикот.

Нетанјаху е против едностраното признавање на Палестина, парламентот го поддржа

Парламентот на Израел денеска гласаше за поддршка на декларативната одлука на премиерот Бенјамин Нетанјаху со која се противи на едностраното формирање на палестинска држава.

Парламентот на Израел денеска гласаше за поддршка на декларативната одлука на премиерот Бенјамин Нетанјаху со која се противи на едностраното формирање на палестинска држава, по зголемените меѓународни апели за заживување на напорите за постигнување решение со две држави по деценискиот конфликт.

Партијата Ликуд на Нетанјаху соопшти дека 99 од 120 пратеници гласале за поддршка на одлуката, која е усвоена од владата претходно оваа недела.

Ставот на Израел е исто така дека секој траен договор со Палестинците мора да се постигне преку директни преговори меѓу страните, а не со меѓународни диктати.

Војната во Газа, која беснее по ненадејниот напад на Хамас на 7 октомври 2023 година, е последниот во серијата конфликти меѓу Израелците и Палестинците што трае седумдесет години и континуирано го дестабилизира Блискиот Исток.

Напорите за постигнување решение со две држави се во мирување од 2014 година. Американскиот претседател Џо Бајден, исто така, се обидува да постигне поширок договор на Блискиот Исток, кој исто така би вклучувал нормализација на односите меѓу Израел и Саудиска Арабија и другите арапски држави , како и формирање на палестинска држава.

Јакимовски: На Македонија ѝ треба квалитетен претседател

Вечерва својата кандидатура за претседател ја објави и претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски…

Јакимовски во обраќањето пред членството рече дека на Македонија ѝ е потребен квалитетен претседател, со што ја најави својата кандидатура за претседателските избори.

притисни ентер