„Чистота и Зеленило“ постави полуподземни контејнери на десетина локации во Куманово

Јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ постави полуподзмени контејнери на десетина локации во Куманово, соопштија денеска надлежните од претпријатието.

-Овој пат за разлика од претходно, почнавме со поставување на полуподземни контејнери во неколку населби во градот. Очекуваме граѓаните совесно да се однесуваат и да депонираат соодветен смет без да одлагаат запаливи материи, изјави директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Даниел Стојчевски.

Досега во Куманово поставени се над 60-тина полуподземни контејнери. Полуподземните контејнери одат во пат и имаат значителен капацитет за собирање на смет, поедноставни се за одржување и се скратува времето на собирање на сметот со возилата на ЈП „Чистота и Зеленило“, што пак придонесува да не се создава сообраќаен метеж.

Овие садови за смет имаат капацитет од пет кубни метри и заменуваат шест обични контејнери.

Во МАНУ се одржаа 24. Балкански медицински денови

Во Скопје од 14 до 16 јуни 2024 година, во МАНУ, се одржаа 24-те Балкански медицински денови на Балканската медицинска унија.

Состанокот беше организиран од Македонската секција на Унијата во соработка со Македонската академија на науките и уметностите.

Балканската медицинска унија е формирана во 1932 година од Националната академија на медицински науки на Франција. Таа ееедна од најстарите интернационални организации на балканските простори со обединувачка улога на народите во регионот по Првата светска војна. За време на скоро стогодишното постоење Балканската медицинска унија со своите перманентни активности потполно го оправда своето постоење. Таа во моментот има 9 редовни члена и тоа: Романија, Бугарија, Србија, Македонија, Грција, Албанија, Турција, Молдавија и Република Кипар. Официјален јазик на Унијата во комуникацијата е францускиот, а во последно покрај него се користи и англискиот.

Состаноците се одржуваат секоја година со различна тема (оваа година беше метаболниот синдром) и македонската секција редовно зема учество во нив со свои предавања и трудови. На отворањето на Конгресот свои презентации и поздравни обраќања имаа претседателот на МАНУ, акад. Живко Попов, претседателот и потпретседателот на македонската секција, проф. Нинослав Ивановски и проф. Кочо Чакалароски, амбасадорот на Република Франција во РСМ, Н. Е. Кирил Баумгартнер и перманентниот секретар на Унијата проф. Камелија Дијакону, доп. член на Националната академија за медицински науки на Романија. На состанокот зедоа активно учество бројни гости од земјата и од регионот, меѓу кои и акад. Сашко Кедев со свое предавање.

МАНУ

Италија ја зафати топлотен бран, на Сицилија и Сардинија најавени 44 степени

Италија летово ја зафати првиот голем топлотен бран, кој пристигна со африкански антициклон, зголемувајќи ја температурата на 40 степени Целзиусови, 10 степени над сезонските просеци.

Веб-страницата viLMeteo.it предвидува дека бранот сахарска жештина наскоро ќе ја зафати цела Италија, пренесе италијанската новинска агенција АНСА.

Основачот на таа веб-страница, метеорологот Антонио Сано изјави дека денеска и утре живата во термометарот ќе скокне на 32 до 34 степени Целзиусови во централна и северна Италија, а уште потопло ќе биде на Сицилија и Сардинија.

„Од среда до петок ќе биде уште потопло“, најави Сано.

Се очекува во Рим, Неапол, Фиренца температурата да достигне 40 степени, а на Сардинија и Сицилија таа да биде во интервал од 42 до 44 степени.

„Следниот викенд африканскиот антициклон ќе ја загуби силата“, рече Сано, додавајќи дека многу силните врнежи од дожд кои се очекуваат на север ќе ги намалат температурите во сите региони.

Во текот на изминатиот викенд плажите беа преполни со Италијанци кои побараа засолниште од жештините покрај бреговите на морето и езерата, а се очекува гужвите да бидат уште поголеми оваа недела поради почетокот на училишниот распуст и поради зголемената температура.

УЕФА ќе ја казни Албанија поради политички пораки

 УЕФА објави дека ќе ја казни Фудбалската федерација на Албанија. Причината е што навивачите на „орлите“ користеа пиротехнички средства за време на пресметката со Италија во групната фаза на ЕП 2024. 

Покрај тоа, албанските навивачи кренаа плакати со политички пораки кои ги дискриминираа другите етнички групи, но главно Србите.

-Фудбалскиот празник не треба да се затемнува. Ваквите акции немаат место на стадионите. Не сакаме играта да стане катализатор на омраза. Допрва ќе разговараме за големината на санкцијата, соопшти организацијата.

Албанија и Србија имаат долгогодишен конфликт околу ситуацијата во Косово, при што контроверзноста често се прелева на спортски настани.

Следниот натпревар на Албанија е против Хрватска и ќе се игра на 19 јуни.

притисни ентер