Центар ги награди најдобрите ученици од општинските основни училишта

Општина Центар ги награди најдобрите ученици од општинските основни училишта во учебната 2019/2020 година. 

Со почитување на мерките за заштита од корона вирус, градоначалникот Саша Богдановиќ им додели пофалници на првенците на генерација од седумте основни училишта во општината. Покрај ова, учениците ќе добијат и парична награда во висина од 15.000 денари.

Оваа година наградени се учениците: Горазд Наневски од ООУ „Гоце Делчев", Ана-Марија Атанасовска од ООУ „Димитар Миладинов", Зоран Михаилов од ООУ „Коле Неделковски", Никола Спировски од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци", Ангела Јаниќ од ООУ „Св. Кирил и Методиј", Илин Московски од ООУ „Кочо Рацин" и Марија Атанасова од ООУ „11 Октомври".

– Упатувам искрени честитки до најдобрите ученици од општинските основни училишта. Овие наши ученици во своето деветгодишно образование покажале врвни резултати и не случајно го носат епитетот „првенци на генерација". Покрај ова, се докажале и надвор од училишните активности со освојување награди на државни и меѓународни натпревари, каде прикажале врвни резултати. Овие деца се доказ дека преку вредна работа и посветеност, можеме да постигнеме сѐ што ќе посакаме, им порача градоначалникот Богдановиќ.

Општина Центар посочува дека пофалниците и наградите се дополнителен мотив за првенците на генерација успешно да го продолжат понатамошниот образовен процес, а во исто време да бидат пример за нивните врсници и соученици, како и за идните генерации ученици.

„Гответе со Дракче“ - Кумановска салата

Во четврток (28.03.2024) во емисијата гостин ни беше Нино Величковски.

Состојки за денешниот рецепт:

3 црвени домати

1 свежа краставица

1 главица кромид

1 морков

2 лажици лупен сончоглед

100 гр. сирење

балсамико, масло за јадење, сол по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

„Дубаи мол“ лани го посетиле рекордни 105 милиони луѓе

 Сопствениците на „Дубаи мол“ во Обединетите Арапски Емирати, сооопштија дека трговскиот центар лани го посетиле рекордни 105 милиони луѓе, што го прави најпосетуваното место во светот во 2023 година.

Така, трговскиот центар стана светска атракција, според управителите, привлекувајќи посетители од целиот свет. Управата наведува и дека е забележан скок од над 19 отсто во однос на 88 милиони во 2022 година. А пак, само во првите два месеци од оваа 2024 година, забележани се 20 милиони посетители, така што и годинава „Дубаи мол“ најверојатно ќе постави нов рекорди.

- Овие бројки го одразуваат импресивниот статус на трговскиот центар во Дубаи и го одразуваат напредното лидерство на Дубаи и силната економија. Нашиот трговски центар го отелотворува живиот дух на градот и посветеноста на извонредноста, претворајќи ја визијата на менаџментот во реалност. Како составен дел од економското ткиво на Дубаи, ние играме клучна улога во неговиот успех и иновативност, рече Мохамед Алабар, основач на компанијата „Емаар“ којашто управува со трговскиот центар.

„Дубаи мол“ има околу 1.200 продавници на познати брендови облека, обувки, модни додатоци, апарати за домаќинство итн, а тука се наоѓаат и околу 200 ресторани и кафулиња. Уште една причина за посетеноста е и аквариумот, каде што живеат 33.000 животни. /МИА

Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара

Куќен притвор во траење од 48 часа е определен за две од лицата кои беа задржани за убиството на докторот во скопската населба Железара, соопшти утринава Јавното обвинителство. 

Оттаму информираат дека ваква мерка е побарана со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази.

- Јавен обвинител од скопското Основно јавно обвинителство, синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор, во траење од 48 часа, за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара. Тоа, со оглед на тоа што сѐ уште се преземаат дејствија за обезбедување докази. Предлогот е прифатен и бараната мерка е определена, се вели во информацијата од Јавното обвинителство.

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски вчера изјави дека се приведени вкупно три лица поврзани со убиството на лекарот.

- Претресот е завршен во текот на доцните часови, се продолжува со други истражни дејствија, со цел да може да се утврди соодветно фактичка состојба, штом имаме дополнително нови информации, јавноста ќе биде благовремено известена, изјави Тошковски, при посетата на општина Босилово.

Шеесет и седумгодишниот лекар, минатата недела беше пронајден избоден до смрт во неговиот автомобил. Според првичните информации, мотивот за убиството не е поврзан со професијата на жртвата.

притисни ентер