Бројот на потврдени случаи на зараза со Ковид-19 во Германија се зголеми на 36.508

Многу нови случаи и починати од Ковид-19 во светот и во Европа. Податоците до синоќа укажуваат дека во светот заразени со вирусот се околу 450.000 луѓе, починале околу 120.000, а излекувани се 112.000.

Вчера Шпанија ја претекна Италија според бројот на жртвите за 24 часа, а СЗО предвидува дека следниот епицентар ќе бидат САД.

Бројот на потврдени случаи на зараза со Ковид-19 во Германија се зголеми на 36.508. Од заразата досега починаа 198 луѓе, соопшти здравствениот Институт Роберт Кох.

 Бројот на новозаразени е зголемен за 4.994 во изминатите 24 часа. Смртните случаи се 50 во изминатото деноноќие.

притисни ентер