„Болеро“ – балет под маски, без допир и на дистанца

И покрај пандемијата предизвикана од ковид-19, НОБ е дел од програмата  на најреномираниот фестивал во нашата земја, „Охридско лето“. 

Спектакуларна изведба на балетската премиера „Болеро“ од Морис Равел и гала-концерт донесоа вчеравечер солистите, женскиот балетски ансамбл и Оркестарот на Националната опера и балет под диригентската палка на Бисера Чадловска, на сцената Долни Сарај во рамките на фестивалот „Охридско лето“.

Според генералниот директор на Националната опера и балет, м-р Васо Ристов, програмата со која НОБ настапува на фестивалот е специјално конципирана и прилагодена на условите во пандемијата од ковид-19.

-И покрај пандемијата предизвикана од ковид-19, НОБ е дел од програмата на најреномираниот фестивал во нашата земја, „Охридско лето“. Програмата е специјално конципирана за да може да се изведе во овие специфични услови. „Болеро“ е една нова авантура во балетската уметност и еден нов балетски израз во кореографија на Саша Ефтимова. Подготвивме нова премиера на „Болеро“ која е во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести. Тоа е балет под маски, без допир и на дистанца. Сите учесници ги почитуваа здравствените мерки и протоколи уште на самиот почеток кога почнавме да се подготвуваме за учество на фестивалот, изјави м-р Ристов.

Кореографката на балетската претстава, Саша Ефтимова, додаде дека проектот е прилагоден за условите во коишто се наоѓаме, и ќе може да се изведува додека не се смири ситуацијата предизвикана од ковид-19.

-Херојски е што сите уметници прифатија да учествуваат во еден ваков проект зашто мерките се тие и знаеме дека не смееме да избегаме од реалноста во која моментално се наоѓаме. Сметам дека ако успееме со една ваква претстава, нашата иднина како национална куќа, може да опстои со тоа што ќе имаме нови уметнички креации и дела со кои може понатака да работиме додека не се смири ситуацијата, рече Ефтимова.

Пред балетскиот спектакл „Болеро“, НОБ одржа Гала-концерт на сцената „Долни Сарај“. Публиката имаше можност да ужива во прекрасните оперски арии што ги изведуваа сопранистките Сандра Митровска и Катерина Стојановска, на тенорот Ѓорѓи Цуцковски, како и на Владимир Саздовски-бас кои беа придружувани од Оркестарот на Операта и Балетот под диригентство на Бисера Чадловска.

-Морам да истакнам дека годинешното „Охридско лето“ и поканата за нас како уметници е навистина еден фасцинантен мотив за повторно да се вратиме во уметничка форма. Минатата година имавме спектакуларен концерт на фестивалот со оперската пејачка Инва Мула и тоа е момент за паметење, меѓутоа во овие услови на корона вирус, сигурен сум дека на нашата публика ѝ ги стопливме срцата и им ја вративме волјата за живеење и љубовта кон уметноста, рече првенецот на Националната Опера и Балет, тенорот Ѓорѓи Цуцковски кој ги изведе најпознатите арии од оперите „Кармен“ и „Турандот“ а настапи и во дует од Адријано Лекуврер со неговата колешка, сопранистката Сандра Митровска.

Здравствените протоколи пропишани за вакви настани максимално ги испочитуваа и членовите на Оркестарот на Националната опера и балет кои седеа на соодветна далечина и со заштитни маски, освен уметниците на дувачки инструменти кои е невозможно да музицираат со маски.

Порно ѕведата Миа Калифа лансира колекција танги со марихуана (ФОТО)

Не долго откако Миа Калифа првпат ја лансираше својата нова линија на накит и додатоци, Шејтан, таа почна да се појавува на модните недели и да прави бројни договори.

За да ја прослави 420 година, Калифа лансира специјално издание со Шејтан: тангата 420.

Тангата доаѓа во две бои, зелена и црна, а на задната страна има декорација во форма на лист марихуана. Ремените се прилагодливи и погодни за различни големини на телото.

„Треба да ме ангажирате како плус сајз модел за ова“, „Врискам, плачам, купувам“, „Едвај чекам“, „Сакам“, „Ми требаат“, „Ве молам донирајте за оние од нас кои не можеме да си ги дозволиме“, , „Слатко“ се дел од коментарите на објавата на брендот на Инстаграм.

Sheytan е лансиран во јули 2023 година, така што брендот е сè уште млад.

"Никој не ги знае роковите што си ги поставивте за себе! Бидете трпеливи, дури и ако тоа значи да направите нешто подоцна за да го направите производот совршен", рече Миа Калифа, пренесува HypeBae.

БУГАРИЈА: Системската медиумска манипулација кај дел од бугарските медиуми продолжува

Кога човек ќе помисли дека има некаква позитивна промена во бугарскиот мајнд сет кај дел од нивните медиуми визави Македонија, веднаш истите медиуми се демантираат преку нивните лаги и манипулации.

Бугарскиот портал Faktor.bg со самосатисфакционен наслов објави тешка лага која наводно се појавила во последниот извештај на Американскиот Стејт департмент за Македонија за 2023 год во кој се вели:

„Стејт департментот го попари Скопје: во Република Македонија има систематско насилство врз Бугарите“

па продолжуваат со сочна лага за наводен цитат од овој извештај во кој велат:
„Во Република Македонија има систематско расно и етничко насилство и дискриминација врз Бугарите. Така се вели во извештајот на Стејт департментот за човековите права кај нашиот југозападен сосед за 2023 година“

Ова е крајно манипулативен екстракт од делот за „Системско расно ИЛИ етничко насилие и дискриминација“
Во извештајот на Стеј Департментот Бугарите во Македонија се споменуваат само во овој дел и тоа:

„Министерот за правда ги затвори бугарските културни клубови „Цар Борис III“ и „Иван (Ванчо) Михајлов“, повикувајќи се на законот од 2022 година со кој се бара од организациите именувани по фашистички поддржувачи или соработници да си ги сменат имињата. Во февруари, по препорака на Комисијата за антидискриминација, обвинителството во Битола отвори прелиминарна истрага за клубот „Иван (Ванчо) Михајлов“ поради говор на омраза. Претседателот на клубот беше обвинет за поттикнување етничка и расна омраза и нетолеранција и ширење расизам и ксенофобија.

Две лица се обвинети за нанесување тешки телесни повреди на Христијан Пендиков, кој се саморегистрирал како Бугарин, по национална и етничка основа на омраза.“
Во текстот на овој бугарски медиум воопшто не се нотира дека е затворен клубот Ванчо Михајлов а спрема неговиот претседател покренато е обвинение за ширење на расна и етничка нетолеранција како и ксенофобија.“

Како што се наближуваат двојните избори во Македонија на 8ми мај, нервозата кај официјална Софија и дел од нивното медимското миље драстично расте, па затоа се сретнуваат вакви манипулативни и клеветнички текстови во кои не се штеди ниту Америка ниту Македонија.

Линк до извештајот на Американскиот Стејт Департмент за Македонија ( страна од 33-35 )
Веста објавена во бугарски Фактор

Рускиот суд ја одби жалбата на американскиот новинар, кој е во затвор за наводна шпионажа

Рускиот суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против притворот под обвинение за шпионажа.

Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а бил уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.

Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до тајни информации кои требало да ѝ ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот во кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.

Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.

Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но денеска на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклена кутија во судницата и им се смешка на колегите од медиумите.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена руски затвореник, но таков договор се уште не е постигнат.

притисни ентер