„Америка со овој потег го навреди целиот свет“

Палестинскиот претседател Махмуд Абас изјави дека отворањето на амбасадата на САД во Ерусалим создало нестабилност во регионот.

Тој ја отфрли можност Вашингтон да биде посредник за мир на Блискиот исток.

„Со овој чекор (преместувањето на амбасадата), американската администрација ја заврши својата улога во мировниот процес и го навреди светот, палестинскиот народ, арапските и исламски нации и создаде нестабилност“ – изјави портпаролот на Абас, пренесува „Ројтерс“.

Претседателот на САД, Доналд Трамп во снимената порака емитувана на церемонијата на отворањето на американската амбасада во Ерусалим изјави дека и понатаму е посветен на мирот меѓу Израел и Палестинците, пренесува „Ројтерс“.

„Нашата најголема надеж е мирот. САД остануваат целосно посветени на овозможувањето на траен мировен договор. САД секогаш ќе бидат големи пријатели на Израел и партнери во тежнеењето кон слободата и мирот“ – порача Трамп.

Ројтерс потсетува дека одлуката на Трамп да го признае Ерусалим како престолнина на Израел и да ја префрли амбасадата од Тел Авив ги разбесни Палестинците и предизвика меѓународна загриженост.

Украинците најавуваат контраофанзива, го објавија и датумот

Наскоро би можела да започне долгоочекуваната контраофанзива на Украина за враќање на изгубената територија.

Националната разузнавачка служба за одбрана навести некои случувања денес, при што портпаролот рече: „Ќе има многу случувања низ фронтот во блиска иднина“.

Андриј Јусов продолжи: „Не станува збор за какви било обврзувачки датуми, сепак, мора да го земеме предвид факторот на Денот на независноста на Украина“. Денот на независноста на Украина е 24 август.

„Централната разузнавачка агенција веќе долго време вели дека август и септември ќе бидат исклучително важни периоди за понатамошен развој на целиот фронт“, рече тој.

Министерот Сали во посета на дебарската болница

Министерот за здравство Беким Сали ја посети Општата болница со проширена дејност во Дебар, која здравствени услуги нуди и за жителите од Општина Центар Жупа, а по потреба и за оние од долнореканскиот крај, Општина Маврово и Ростуше.

За посетата тој информираше преку објава на Фејсбук, во која наведува дека на оваа здравствена установа и се потребни инвестиции во опрема но и кадар.

-Имав прилика да ја посетам дебарската болница. Најпрво морам да му се заблагодарам на медицинскиот персонал, кој дава се од себе за да биде на услуга на граѓаните и нивните потреби. Болницата во Дебар веќе подолго време се соочува со недостиг на инвестиции, како во кадровско планирање, така и во професионална опрема, напиша Сали.

Додава дека во разговорот со пациентите, лекарите и персоналот на оваа болница, констатирале дека на болницата во Дебар и се потребни инвестиции во опрема и кадар за да се обезбедат најквалитетни здравствени услуги.

Болницата во континутет се соочува со недостиг пред се на лекари специјалисти. Неодамна се пензионираа неколу, а се очекува за неколку месеци во пензија да заминат и други лекари. Во меѓувреме најмалку седум лекари се на специјалзација по разни медицински гранки на клинките во Скопје.

По пензонирањето на досегашниот директор Баки Алили, познат специјалист за уво, грло и нос, вршител на должноста е педијатарот Севдие Коџа.

Лукаревска: Советничката листа на СДСМ е вистинско решение за Тетово

Изборната програма и кандидатите за советници на СДСМ и Коалицијата се најдоброто за Тетово,се наведува во партиското соопштение. 

Тоа се вредни и угледни луѓе кои знаат како да се борат за реашавање на вашите секојдневни проблеми, за развој и подобар живот за сите во европско Тетово, порача заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска.

Таа ги повика граѓаните на 20 август, во сабота да гласаат за број 1 за советничката листа на СДСМ и коалицијата, бидејќи бројот 1 го гарантира најдоброто.

Во сабота вие одлуччувате дали ќе дозволите Тетово и понатаму да биде парализирано и нефункционално или ќе ги поддржите проектите кои му се потребни на градот и на сите граѓани, вие одлучувате дали ќе продолжат празните ветувања или ќе гласате за нов парк и спортска сала, реконструирани улици и училишта, повеќе паркинг места, спотски сали, истакна Лукаревска,

СДСМ му мисли добро на Тетово и на тетовчани, советничката листа на СДСМ предводена од Глигорије Стојановски е вистинско решение за Тетово, гласајте за број 1 за европско и модерно Тетово, порача заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска.

притисни ентер