„Алкалоид“ со донација за студентските и училишните домови во Скопје

И покрај сите предизвици кои ги постави почетокот на новата учебна година, 1 октомври го означува стартот на едно ново поглавје во македонското образование. 

Покрај училиштата, со работа ќе започнат и студентските и училишните домови, кои како установи од јавен интерес обезбедуваат сместување за околу 12.000 студенти на територијата на градот Скопје. Заради капацитативната специфика во услови на пандемија, овие установи ќе имаат посебни протоколи за нивното функционирање што ќе подразбира високо ниво на хигиена и честа дезинфекција. За таа цел, „Алкалоид АД Скопје“ донираше производи од својата палета антисептички и дезинфекциски средства.

„Донацијата на средства за дезинфекција од компанијата ‘Алкалоид’ не само што ќе го заштити здравјето на учениците, студентите и вработените туку и ќе го олесни спроведувањето на протоколите. Се надевам дека истите ќе се сфатат сериозно и ќе се почитуваат бидејќи тоа е единствениот начин да ја надминеме оваа состојба и да ги заштитиме нашите најблиски“ – изјави г. Дарио Николовски, директор на „Државен студентски дом“ Скопје.

Околу предизвиците на отварањето на студентските и училишните домови во вонредни околности, Министерката за образование и наука, г-ѓа Мила Царовска нагласи:

„Навистина ми е драго што во вакви вонредни околности, односно во време кога се соочуваме со пандемија успеавме да најдеме начин да ги отвориме студентските и училишните домови и да обезбедиме сместување на студентите и учениците, коишто ќе ги следат предавањата и праксата со физичко присуство. Огромна благодарност до компанијата ‘Алкалоид’ којашто покажа вистинска општествена одговорност и донираше средства за дезинфекција и за одржување на хигиената во домовите. Во оваа прилика би сакала да ги повикам студентите и персоналот во домовите да ги почитуваат протоколите за заштита, бидејќи само така можеме да го спречиме ширењето на Ковид-19. Да се заштитиме самите себеси, но и нашите најблиски. Со почитувањето на мерките сите заедно допринесуваме за зачувување на јавното здравје“

1 октомври наместо 1 септември. Далечинско учење наместо конвенционална настава. Учебна година во која сите чинители во образовниот процес имаат една заедничка цел: спроведување на процесот на едукација и зачувување на здравјето на учениците и студентите преку почитување на предвидените здравствени мерки и протоколи.

„Оваа необична учебна година по многу нешта ќе се разликува од сите досегашни почетоци, но едукацијата е клучен фактор за развој на здраво општество и неминовно е дека ќе мора да се направи адаптација кон новото нормално, имајќи го предвид најважното: здравјето на студентите. Во таа насока, ние како компанија дадовме мал придонес кон адаптација на новите прилики во студентските и училишните домови донирајќи антисептици и средства за дезинфекција. На сите ученици и студенти, во оваа прилика би сакал да им посакам успешен почеток и добро здравје. Вие сте нашата иднина и треба да поставувате исклучителни примери кои треба да се следат. Почитувајте ги мерките за заштита и чувајте се!“ – истакна генералниот директор и претседател на УО на „Алкалоид АД Скопје“.

Донацијата која „Алкалоид АД Скопје“ ја намени за студентските и училишните домови во Скопје се состои од 16.000 литри антисепички средства („MEDICAL®“ гел и „ЕCOSAL Forte® “ полиалкохолен раствор) и 17.100 литри готов раствор за чистење и дезинфекција „DEZINTAL® 0,2%“ во вкупен износ од близу 5 милиони денари.

Полицајците не можеле да поверуваат што извадија од витрина во супермаркет во Чикаго (ВИДЕО)

Неверојатна сцена е снимена во супермаркет Алди на северозападната страна на Чикаго, откако вработените забележале чудно суштество во фрижидерот за намирници.

На видеото кое кружи на интернет се гледаат полицајци кои пристигнале по пријавата со задача да го фатат „натрапникот“ и безбедно да го евакуираат.

Откако го „боцкал“ животното со рачка од џогер, полицаецот го фатил за опашот и почнал да го влече.

„Верував дека ќе извлечат ракунот. Не го очекував ова“, напишала една личност изненадена од епилогот.

Имено, полицаецот се нашол во друштво на див којот кој некако се нашол во урбана средина и решил да се сокрие во фрижидер.

Дивото животно е заробено и по испитувањето ќе биде пуштено назад во дивината. Во инцидентот нема повредени, јавува Метро.

Еден сведок изјавил дека видел којот како талка на паркингот пред продавницата, а експертите се согласуваат дека избрал „чудна локација за да се скрие“.

„Тие можат да направат грешка додека се обидуваат да ги избегнат луѓето. Сакаат да се сокријат од нас“.

Николоски во Будимпешта: Економскиот развој и евроинтеграциите остануваат врвни приоритети

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски е во работна посета на Будимпешта каде денеска оствари средба со Балаш Орбан, политички директор на шефот на Владата на Унгарија како и со министерот за национална економија, Мартон Наѓ.

Фокус на средбите беа економските и политички односи меѓу двете земји со посебен акцент на економската подршка од Унгарија и зголемување на трговската соработка.

Вицепремиерот Николоски ги потенцираше економските реформи на Владата за обезбедување на забрзан економски раст како и борбата против корупцијата. Во своето обраќање, тој ги претстави приоритетите на Владата за развој на домашната економија, реализацијата на капиталните проекти кои се од исклучитечно значење за регионалниот развој и поврзаност како и политиките за привлекувањето на странски инвестиции.

На средбите се разговараше и за развој на транспортниот и енергетски сектор како и проектите од регионално значење што ќе го доближат регионот на Западен Балкан до Европската Унија.

Николоски ја изрази силната подготвеност на Владата за реализација и развој на еропските коридори како стартешки за раст на националните економии во земјите од регионот.

На средбите исто така беа потврдени пријателските односи меѓу двете земји, притоа заменик претседателот Николоски потенцира дека Унгарија е силен подржувач на Македонија во остварување на своите стратешки цели на патот на евроинтеграциите.

" Имав одлични средби со моите колеги Балаш Орбан кој е голем пријател на Македонија и Мартон Наѓ, министерот за национална економија. Уште еднаш ги потврдивме одличните односи помеѓу двете Влади а исто така и меѓу двата народи. Разговараме за приоритетите во делот на економските процеси и евроинтеграциите и сметам дека подршката што ни ја овозможува Унгарија е огромна во нашиот развој. Продолжуваме да ги градиме нашите односи со пријателите, а Македонија да станува посилна и влијателна. Наша задача е да продолжиме да ги надградуваме овие односи, да ја продлабочуваме нашата соработка и да докажеме дека придобивките од ова партнерство ги чувствуваат сите наши граѓани. "- истакна по денешните средби вицепремиерот Николоски, соопштуваат од Министерството.

Се огласи Трамп по постигнувањето договор за прекин на огнот во Појасот Газа

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп по постигнувањето договор за прекин на огнот во Појасот Газа.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп штотуку напиша на платформата Truth Social: „Имаме договор за заложниците на Блискиот Исток. Наскоро ќе бидат ослободени. Ви благодариме!“

Канцеларијата за медиуми на Хамас во Газа им порача на жителите на енклавата да не се движат до официјалниот почеток на прекинот на огнот. Канцеларијата за печат ги повикува граѓаните „да не се движат пред официјалниот почеток на прекинот на огнот и информациите за времето на отпочнување на примирјето да ги добиваат исклучиво од официјални извори“, се наведува во соопштението.

Израелската влада утре ќе гласа за договорот за прекин на огнот во Газа, изјави владин претставник за Ројтерс. Секој договор сè уште треба да биде одобрен од кабинетот на Бенјамин Нетанјаху, но се очекува да стапи на сила во наредните денови.

Тројца американски официјални лица и еден претставник на Хамас потврдија за Асошиетед прес дека е постигнат договор за прекин на огнот. Висок израелски функционер рече дека деталите се уште се финализираат, според АП.

Американскиот претседател Џо Бајден се подготвува да ѝ се обрати на јавноста за договорот, рекоа официјални лица. Според АП, договорот вклучува постепено ослободување на десетици заложници кои ги држеше Хамас, ослободување на стотици палестински затвореници во Израел и враќање на стотици илјади раселени луѓе во Газа во нивните домови. Договорот предвидува и испорака на многу потребна хуманитарна помош на опустошената палестинска територија.

притисни ентер