На аеродромот Свети Апостол Павле ,  до средината на септември, еднаш неделно со чартер лет на најголемиот европски тур оператор ,,Томас Кук”  ќе доаѓаат туристи од Белгија.
120 белгијци оваа недела одморот ќе го минат на брегот на Охридското езеро. Читале за Македонија а најголем предизвик  им се природата и културно историските споменици.
-Многу импресивно, големо езеро. Многу убаво добредојде. И ете Македонија е изборот за нашиот одмор, вели турист од Белгија.
-Многу е убаво ми се допаѓа. Многу убава земја за посета од туристи,  вели гостинка од Белгија.
-Прочитав некои факти за Македонија. Мајка Тереза била родена овде, Александар Велики и знам дека има многу планини, прочитав на интернет, вели гостин од Белгија.

Белгијците  заинтересирани за Македонија, букираат и за оваа но и за следната година.
- Денеска со првиот лет до Охрид повторно сме иновативни со воведувањето нова дестинација во нашата понуда. Можеби нова не е најсоодветен збор бидејќи Охрид е населено место 6000 години пред нашата ера. Богатата историја за, заедно со езерото и природното наследство се непосредни причини за избор на оваа дестинација, изјави Коен ван ден Бош портпарол на Томас Кук.
- На листата ставивме уште една дестинација со која што градот Охрид и целиот регион ќе може да комуницира и да привлекува гости, изјави градоначалникот Никола Бакрачески.
Од охридскиот аеродром Свети Апостол Павле се лета кон  Белград, Тел Авив, Лондон, Базел, Цирих, Амстердам и Брисел. Втор најбрзорастечки мал аеродром во Европа со пораст на бројот на патници за 173,9%.

-Навистина сум силно убеден дека наскоро примерот односно услугите што ги пружаме за Охрид набрзо ќе бидат следени од страна на други Томас Кук земји како што се Холандија, Германија, обединетото кралство итн, изјави Серкан Карахатај маркетинг координатор на ТАВ аеродром Истанбул.
Оваа сезона се очекува 2300 туристи од Белгија да летуваат на брегот на Охридското езеро. 


Датум на објава: понеделник, 20 јуни 2016 во 11:24
Соња Рилковска
Обновено во: 12:57

коментари

остави коментар