Во таква состојба бил сместен во старскиот дом ,,Сју Рајдер,, во Битола. Благодарение на добрата нега во домот вели дека тука неговата здравствена состојба значително се подобрила, така што денес може да ужива во прошетки и дружење со пријателите.


Котларовски е сместен во старскиот дом како социјален случај бидејќи припаѓа на ранлива категорија на граѓани.

Во домот има над 70 неподвижни лица. Од персоналот велат дека покрај негата која ја добиваат многу е важна и нивната упорност и дисциплина за да можат повторно да застанат на нозе.

Домот има капацитет за 150 корисници.

Датум на објава: понеделник, 13 јуни 2016 во 12:50
Анета Шијакова
Обновено во: 13:41

коментари

остави коментар