Луана вели дека тоа во никој случај не е облик на проституција - таа им помага на луѓето да најдат вистинска љубов, а за својата услуга наплатува неверојатни 15 000 долари!

- Во мојата агенција се богати и убави луѓе. Ако сакате квалиетт, моарте тоа да го платите. Ова не е никаква проституција, ова функционира како сајтовите на кои луѓето сами се запознаваат, само што овде имаат посредник па се е сигурно. Нема страв на кого се можете да налетате - вели Луана.

Таа почнала да се занимава со оваа работа во Перт, кога имала 19 години, а потоа на 23 години отворила своја агенција.

- Цел живот го посветив на работата. Кој ќе дојде кај мене нема да погреши. А доаѓаат различни, нема да верувате, славни, политичари -  вели таа.

Луана вели дека нејзини клиенти се богатите мажи и убавите девојки. Тие кои бараат личност оставаат насоки, а Луана праќа фотографии и карактеристики на личноста за која смета дека ќе му биде добар пар. Ако се допаднат еден на друг им организира состанок.

- Повеќето од мажите кои ме контактираат имаат јахти, па пожелно е девојката да сака бродови. Често организираме журки на јахтите, па повеќе парови одеднаш се запознаваат - вели Луана.

- Целта е да ја најдат љубовта на својот живот. Мажите воглавно не бараат девојката да има пари, бараат да биде духовита, пријатна, да имаат заеднички интересирања. Жените од друга страна бараат некоја сигурност и добар човек на кој може да сметаат - вели Луана.

Таа вели дека е најсреќна кога оние што ги запознала ќе стапат во брак.

- Има ли поубава работа од фактот дека баш вие ги пронаоѓате сродните души! - вели Луана за својата работа.

Датум на објава: вторник, 07 јуни 2016 во 14:26
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 14:43

коментари

остави коментар