На 25/26.05.2016 година во периодот од 23.00 до 04.30 часот во Велес, на ул.„Благој Ѓорев“ непознат сторител  извршил тешка кражба од банкомат сопственост на Комерцијална банка, кој бил поставен во продавница.

Сторителот, соопшти денеска МВР, со погоден алат го скршил катанецот од вратата на продавницата, влегол внатре, го отворил банкоматот и одзел три касети во кои имало 2.530.500 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Датум на објава: петок, 27 мај 2016 во 14:18
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар