Величествена церемонијалност и големо изобилство од мелодии ја возвишуваат трогателната приказна. Приказна за забранетата љубов меѓу еден генерал и една робинка во Стариот Египет. Најгранадиозната од сите опери, Аида, воедно е и длабоко лична приказна каде страста во емоциите кулминира со нашите.

Настапуваат: Нашата првенка Весна Ѓиновска-Илкова во насловната улога, Амнерис: Дина Хамзина (Казахстан), Радамес: Рубенс Пелицари(Италија), Рамфис: Игор Дурловски, Амонасро: Марјан Јовановски, Фараон: Кацухиро Котецу(Јапонија), Голема свештеничка: Надежда Рубен, Гласник: Марјан Николовски.

Режисер е: Дејан Прошев,  диригент: Иво Липановиќ (Хрватска).


Билети на Билетарница на МОБ: 02 3118-451

Датум на објава: петок, 27 мај 2016 во 11:49
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар