Собирањето на отпадот денеска се изврши во урбаните заедници „Владо Тасевски“, „Тафталиџе 1“, „Тафталиџе 2“, „Влае 2“, „Кузман Јосифовски – Питу“, „Пецо Божиновски – Кочо“ и „Нерези“.
Акцијата ќе продолжи и утре, а кабастиот отпад ќе се собира во урбаните заедници од Карпош 1 до Карпош 4, како и во „Влае 1“ и „Злокуќани“. Граѓаните ќе можат да остават кабаст отпад од 7 до 11 часот.
Кабастиот отпад ќе се собира во наведените урбани заедници, односно на предвиденото место каде ќе поминува возилото на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“. 

Датум на објава: петок, 08 април 2016 во 15:04
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар