Според него  не станувало збор дали на коалицискиот партнер Груевски му дал збор или му ветил избори или пак не.

За датумот се договориле лидерите на четирите политички партии заедно со  меѓународната заедница. Лидерот на СДСМ Зоран Заев треба да остане во изборниот процес, вели Ахмети.

Ахмети во интервјуто исклучува лидерска средба меѓу претседателите на 4 политички партии.

„Јас не мислам дека ќе има корист од една треба ка може да се организира со 4 лидери на политичките партии, сега јас барем така мислам и проценувам дека е работа на нашите меѓународни пријатели. Тие треба да разговараат и да бараат објаснување од Зоран Заев. Зошто тој дал таква изјава, што според мене е малку избрзана, синоќа да се самоисклучи од процесот на Избори“, рече Ахмети.

Ахмети во интервјуто рече дека е изненаден од овој случај бидејќи насекаде во опозициските партии бараат предвремени избори.

Според лидерот на ДУИ Заев треба да бара предвремени парламентарни избори за да се реши кризата, бидејќи според него изборите се единствениот начин за да тргнат работите во добра насока.



Датум на објава: петок, 08 април 2016 во 14:26
Весна Велкова Тодоровска
Обновено во: 14:55

коментари

остави коментар