60 годишниот поранешен маринец Џон Баталиа денеска ќе биде егзекутиран со смртоносна инјекција. Тој во 2001 година ги уби своите ќерки, а претходно и се јавил на нивната мајка за сето тоа да го слушне по телефон.

Во тој период бил на условна казна за напад на сопругата. На 2 мај 2001 дознал дека е издаден налог за негово апсење, поради прекршување на условната. Причина за тоа бил повикот од неговата сопруга во полиција, кога таа пријавила дека и оставил заканувачка порака на телефон.

Истиот ден кога го дознал сето тоа, ги зел ќерките, 9 годишната Феит и 6 годишната Либерти. И рекол на феит да и се јави на мајка си и да ја праша зошто таа сака татко и да оди во затвор.

Мајката на децата потоа слушнала како девојчето вели - тато те молам немој, а потоа рафални истрели и бесните извици на таткото - убиец - Нека ви е среќен е....от Божиќ!

Веднаш потоа убиецот отишол во салон за тетовирање и си истетовирал две рози кои ги симболизирале децата. Таму бил уапсен.

Во последното интервју за „Dallas Morning News“, пред извршувањето на смртната казна, Џон Баталиа вели дека не чувствува дека ги убил девојчињата. На прашањето што чувствува кога знае дека тие се мртви, Баталиа ладнокрвно одговара:

- Зошто би се грижел каде се тие сега? Сите сме тука и не нема во исто време. Не се грижам за тоа!

Смртната казна е вратена во Тексас од 1976 година. Џон Баталиа ќе биде шестиот егзекутиран годинава, и 537-от осуден на смртна казна во последните 40 години.





Датум на објава: вторник, 29 март 2016 во 13:47
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 13:47

коментари

остави коментар