Во рамките на изложбата насловена „Огледало“ претставени се дела на 40 најзначајните италијански уметници од оваа област, меѓу кои и Тони Пекараро кој е еден од светски најпознатите автори во светот на графиката. Покрај италијанските учестуваат  и 30 автори од Македонија кои творат низ цел свет, а манифестацијата ја следи и соодветна промоција во Италија.

,,Со ова за прв пат остваривме соработка со Уметничката академија од Винченца и оваа програма влезе во Венециското биенале, што исто така е за прв пат. Со тоа оваа изложба добива еден светски ранг“ -вели Зоран Алтипармаковски, директор на Завод, Музеј Битола.

,,Ова е една ретка антологиска состојба на графичкото творештво на ниво на Италија и Македонија. Ова е една од најзначајните графички соработки на балканско ниво и е вовед во една многу поширока соработка во иднина. За неколку месеци треба да подготвиме една сериозна изложба во Фиренца во која ќе бидат опфатени автори од Балканот и пошироко, а потоа ќе работиме на Трибуна графика од Романија“-вели Владо Ѓорески, уметнички раководител на графичкото триенале во Битола.

Изложбата ќе биде отворена 10 дена во битолскиот музеј, по што ќе биде поставена уште една седмица во културниот центар Магаза. По ова, од Битола ќе отпатува во Италија каде ќе биде поставена во Винченца, центарот на графиката, во Венеција и во Тревизо.

 

Датум на објава: среда, 23 март 2016 во 15:55
Анета Шијакова
Обновено во: 11:21

коментари

остави коментар