Форбс ја објави листата на најбогати за оваа година. Бил Гејтс е за 4 милијарди долари посиромашен од лани, но сепак со своите 75 милијарди ја задржа првата позиција на листата најбогати на светот.

Американскиот бизнисмен Ворен Бафет ја задржа третата позиција со 60,8 милијарди, а на второто место кое лани го држеше мексиканскиот милијардер Карлос Слим, сега е Амансио Ортега, сопственикот на Зара, со 67 милијарди долари.

Најголемиот скок на листата го има сопственикот на Фејсбук Марк Цукерберг кој со своите 44,6 милијарди, 11 милијарди повеќе од лани, дојде на шестата позиција.

Шефот на Амазон Џеф Безос е меѓу првите 5 -  со богатство од 45,2 милијарди е на петто место.

Мајкл Блумберг со 40 милијарди долари е на 8 место, со 43,6 милијарди едно место погоре е Лери Елисон.

Чарлс Кох со 39,6 милијарди и Дејвид Кох кој располага со истата сума на пари се на 9 и 10 место.

Најмлада а листата на Форбс е 19 годишната Александра Андресен, Норвежанка, која поседува 42% од семејниот бизнис.

Формс проценуваше 1 810 милијардери, чие просечно богатство е 3,6 милијарди долари, 300 милиони помалку од порано.

Најмногу милијардери има во САД - 540, потоа во Кина - 251, следи Германија со 120 милијардери и Русија со 77 милијардери.





Датум на објава: среда, 02 март 2016 во 20:21
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар