Диандра Даглас за ТМЗ порача дека никогаш немала ХПВ( хумани папилона вирус) кој може да се пренесе со орален секс со што им стави крај на сите шпекулации.

Инаку славниот актер Мајкл Даглас изјави претходно дека ракот на грлото , од кој успешно се опоравува , го добил преку орален секс.
По изјавата на поранешната сопруга на славниот актер Диандра се огласи во јавноста и портпаролот на Мајкл Даглас Ален Бури :
„Во тоа интервју  се разговараше за причините од кои се добива рак на грлото , а една од причините може да биде и оралниот секс што е познато веќе подолго време, изјави Бури ,објаснувајќи со тоа дека Мајкл даглас не рекол дека ракот го добил од орален секс.
Засега без реакција е сегашната сопруга на Мајкл, Кетрин Зета Џонс .

Датум на објава: вторник, 04 јуни 2013 во 09:54
Крсте Галевски

коментари

остави коментар