Кај каменот 59 по кратката забрана за влез на овие лица покрај протокот за бегалците сообраќаат и возовите.

Во моментов од ЦУК информираа дека на прифатниот и транзитен центар кај Гевгелија има околу 300 лица кои чекаат транспорт кон Табановце.

Македонија ќе ги прифаќа бегалците кои од грчките власти ќе имаат издадено документ во кој јасно е наведена земјата од ЕУ во која тие заминуваат.

Оваа одлука ја почитуваат сите земји од балканската рута.
Српските медиуми денеска се огласија со изјавата на Српскиот министер Александар Вулин соошти дека мигрантите „нема да можат да го продолжат своето патување доколку не искажат намера да бараат азил во конкретна земја од ЕУ.
Оваа одлука доаѓа по сигнализацијата на некои европски земји со кои јасно наведуваат дека ќе го ограничат бројот на бегалците а истовремено да ги редуцира а ќе започне да ги враќа оние кои немаат наведено конкретно земја во која бараат азил.

Строгите контроли за сите бегалци кои ќе патуваат кон север ќе продолжат и во иднина.

Европски високи претставници и понатаму стојат на ставот дека на Македонија и е потребна помош од ЕУ која посериозно да го сврти вниманието за справување со бегалската криза.

Датум на објава: четврток, 21 јануари 2016 во 15:03
Стојне Митева
Обновено во: 16:39

коментари

остави коментар