Најмногу заразени односно 360 има во Скопје, по што следат Струмица  и Куманово каде се регистрирани околу 100 случаи на варичела. Најголемиот дел од нив се деца на возраст од 5 до 9 годишна возраст.

Во ретки случаи можни се и компликации, посебно кај децата кои се постари од 12 години и со послаб имунитет, кај кои може да се појават кожни инфекции.

Надлежните препорачуваат мирување и изолација на заболените. И покрај порастот на децата со овчи сипаници, бројките не се алармантни.
Во некои земји во Европа децата се вакцинираат против варичела, што не е случај и во Македонија. Лекарите ја разгледуваат и оваа опција, но велат придобивките се уште не се доволни за да се оправда вакцинација на цела популација.

Датум на објава: недела, 17 јануари 2016 во 16:16
Ивана Стојкова

коментари

остави коментар